Нова лудост помеѓу тинејџерите: Тајд под предизвик

Тинејџерите ризикуваат сериозно да се разболат јадејќи таблети за машина за перење. Концентрираните течни парчиња се дизајнирани за перење на облеката и може да бидат фатални ако се внесат во организмот

0
1573

На интернет се појави нова лудост што ги зафати тинејџерите. Тие ги јадат шарените капсули кои се наменети за перење облека. Најновиот предизвик е наречен „Tide Pod Challenge“ по името на детергенот за перење кој ја има главната улога во овој предизвик. Лекарите бараат од тинејџерите да не учествуваат во овој опасен предизвик затоа што ризикуваат сериозно да се разболат.

Тинејџерите ги ставаат капсулите детергент во својата уста и својот „подвиг“ го споделуваат на социјалните мрежи.

„Капсулите во себе вклучуваат етанол, водороден пероксид и полимери – високо токсична мешавина на детергент, доволно силна за да се испере нечистотија и валканоста од алиштата. Производителите и претходно биле загрижени затоа што имало случаи кога мали деца мислејќи дека се за јадење, ги внесувале во организмот, но во случајов тинејџерите свесно, намерно и как предизвик го прават истото, а потоа ги објавуваат видеата на кои се снимаат како јадат капсули за перење на интернет, објави дописникот на CBS News, Ана Вернер.

Во текот на измината година на интернет почнаа да се појавуваат стотици видеа  на кои се гледа како тинејџерите ги ставаат во уста овие капсули за перење, ги гризат, ја пијат течност и готват со нив.

Зборувајќи за Buzzfeed, една тинејџерка вели дека слушнала за лудоста на групата Whatsapp и одлучила да се сними себеси како гризе една од овие капсули пред да седне на вечера.

Видеото беше споделено на Твитер, но мајката на тинејџерка ѝ наредила да го отстрани.

Таа изјавила: „Не бев исплашена, бидејќи знаев дека нема да ја проголтам. Само ја загризав и потоа ја измив устата“.

Денеска, загрижените лекари, родители, па дури и производителите ги молат младите да престанат да јадат течност за перење.

Супстанциите во овие капсули се многу отровни и претставуваат сериозни здравствени ризици ако се внесат во организмот.

Дури и мала количина на висококонцентриран течен детергент може да предизвика дијареа, повраќање и проблеми со дишењето.

Во најлош случај, тие дури можат да доведат до смрт.

[better-ads type='banner' banner='999' ]