Нивното бебе носело пелени само еден ден

Еден од трендовите кога станува збор за бебињата е и беспеленаштвото. Неговите поддржувачи сметаат дека колку побрзо се почне, толку побрзо бебето ќе се навикне на тоалет

0
1848

Бебињата без пелени е тренд попознат како беспеленаштво е поим за кој се повеќе се зборува, но овој најнов случај на бебе кое е рано одвикнато од носење пелени, навистина звучи нереално.

Ова бебе чии родители Џефри и Розмари Бендер, и двајцата лекари, имаат уште две постари деца, носело пелени само еден ден.

Спротивно на мислењата дека бебињата ги извршуваат физиолошките потреби без контрола и ред, овие родители наводно докажале дека тоа не мора да биде така.

Ако бебињата навикнале да не покажуваат дека мора да одат по нужда, туку ја извршуваат во пеени, без контрола и ред, со време е тешко да се научат на поинакви навики. Затоа овие методи најчесто и се успешни токму кај помалите бебиња.

„Трикот е во набљудувањето на знаците кои бебето ви ги сигнализира. Секако, тоа не е процес кој бебето ќе го научи за еден ден. Бебенцето треба само доволно често да се води во тоалет, едноставно, да се држи над тоалетот и притоа да се имитираат шумови на вода и по некое време тоа ќе сфати што треба да прави. И тогаш ќе биде подготвена да се воздржи додека не го одведат во тоалет“, изјавиле овие родители за медиумите.

Можеби тоа некому му звучи како научна фантастика, но мора да се знае дека бебињата функционираат на принципот на научено и на стекнати навики, па како што истакнала оваа двојка, колку и да се мали, бебињата можат да го научат тоа.

Овие родители сметаат дека ако доволно долго го набљудувате бебето во тој процес на навикнување, полесно ќе ги препознаете знаците, затоа што бебето без ниту еден збор ќе ви покаже дека има „нагон“ или дека се подготвува за да се олесни.
А секако, постои уште еден факт. Тоа е дека и бебињата, како и возрасните, имаат време кога обично се празнат, на пример, после будење или после хранење. А кога еднаш ќе ги научите да се олеснат во тоалет, нема повеќе да го прават тоа неконтролирано.

Секако, велат тие, отстапки се секогаш можни. Иако оваа двојка се посветила на подучување на младите родители на оваа тактика, тие искрено велат дека се свесни дека овој метод не е вообичаен и не е за секого, но сиот вложен труд е дефинитивно, многу исплатлив.

Затоа тие на сите им порачуваат: „Ако сакате, обидете се, ако не сакате, никој нема да ве обвинува поради тоа. Но ние знаеме дека е тоа можно“.

[better-ads type='banner' banner='999' ]