Обично родителите се особено внимателни со првото бебе, што не е секогаш и особено добро. Еве неколку од оние работи кои мајките најчесто ги прават со своите бебиња, а кога ќе стаса второто дете, или дури и порано, сфаќаат дека целосно непотребно правеле некои работи и губеле време и енергија.
- Притискање на детето да јаде повеќе отколку што му е потребно
На малите деца всушност не им треба многу храна за да ги задоволат потребите на својот организам, но родителите тоа често не го гледаат. Молењето или притискањето на детето да јаде или дури целосна капитулација и дозволување на детето да живее на колачи само за да се натера да изеде доволно храна (за ваши поими). Брзо ќе сфатите дека со оваа тактика не му помагате на детето. Кога ќе биде гладно, детето ќе јаде!
- Непотребно будење на детето
Го будите детето затоа што е време за јадење: Или за да си поиграте? Или затоа што се плашите дека нема да спие ноќе? Дошле гости кои сакаат да го видат? Ниту една причина не е доволно добра за да го направите тоа!
- Миете се што ќе ви падне на подот
Постои една шеговита изрека дека родителите кога нивното прво дете ќе изеде нешто од подот, го носат во итна помош, на второто само му ја мијат устата, а за третото се прашуваат дали воопшто ќе му биде потребен ручек. Разбирливо дека нема да му дозволите да има пристап до валкани предмети, но во вашиот дом на детето нема да му се случи ништо дури и ако стави нешто во уста.
Детска храна
Не може бесконечно долго да јаде специјална храна направена само за него. Давајте му на децата од вашата храна и гледајте го како расте и убаво се развива.
- Менување на пелени
На првото дете ќе му ги менувате пелените во истиот момент кога ќе забележите дека се измочкало, додека со другото дете ќе почекате додека не ги завршите другите неодложни обврски.
- Купување на скапа бебешка облека
Со првото дете обично родителите сакаат да има се што ќе здогледаат тие во излозите на детските продсвници, но пдооцна ќе сфатат дека тоа нема многу смисол. Освен што брзо ја прераснуваат облеката, децата секојдневно плукаат, се валкаат и повраќаат и навистина е неважно што ќе им облечете се додека им е тоа удобно и од памучен материјал.
- Премногу грижа
Додека на првото дете нема да му дозволувате речиси ништо, набрзо ќе сфатите дека животот под стаклено ѕвоно не е добар за вашето дете.