Со генерации и генерации жените знаат дека на породување мора да напнуваат, а ако само се сетиме на сите оние американски филмови кадешто „push-push“ е задолжителна сцена – некој кој се уште не родил слободно би можел да помисли дека токму силното напнување е единственото нешто што ќе го „натера“ бебето да излезе. Како да не постојат контракции.
Но, сега сепак велат поинаку. Имено, британските бабици во Medway Foundation Trust од Кент промовираат нова програма на раѓање во која напнувањето се остава буквално за крај, тогаш кога телото буквално самото ќе почувствува нагон за напнување. Не порано. Затоа на жените им се советува во текот на породувањето наместо тоа да бараат подобри пози, подобро да го ослушнуваат своето тело и да се раководат според својата проценка – дали ќе станат, дали ќе шетаат, дали ќе се потпрат, ќе се спуштат на колена…и сето тоа за да го намалат ризикот од сопствени повреди.
Имено, силното напињање, посебно ако е зачестено и долготрајно, може да предизвика прилично проблеми, почнувајќи од пукање на перинеумот (меѓуножјето) до подоцнежна инконтиненција. И баш затоа жените сепак би требало малку повеќе да внимаваат на себе.
Бабиците велат дека жените денеска едноставно раѓаат пребрзо. Ги тераат на напнување, породувањето се забрзува, наместо да им дозволат се да си дојде на свое тогаш кога ќе треба.
И затоа наместо напнување и туркање, британските бабици им советуваат на родилките – дишење и промена на позите, им советуваат да дозволат контракциите да го направат своето, да го наслушнуваат своето тело и да туркаат само тогаш кога самите ќе почувствуваат потреба, а не тогаш кога лекарите ми се „дерат“ на уво.
„Имено, пукањето на перинеумот (меѓуножјето) се случува токму поради таквото, за нежната кожа, насилно туркање, што во голем број на случаи не е воопшто потребно“, велат тие и воедно предупредуваат и дека бабиците мораат притоа да престанат да го забрзуваат бебето да излезе – со оглед на тоа што многу често буквално набрзина се извлекуваат надвор.
Доволно е само да се придржува главчето на бебето такашто перинеумот ќе биде помалку напнат, и да им дозволат на контракциите, бебето, со малку труд од мајката, да излезе надвор на најнежен можен начин. Вака советуваат британските бабици, а нивната нова програма на раѓање е веќе тестирана и дала импресивни резултати.
Според истражувањето објавено во Евроспкото списание за гинекологија и репродуктивна биологија, овие техники уште сега за шест отсто го намалиле бројот на случаи на трауматско лекување при породување во болниците во кои се спроведува, а штетите како пукањето и шиењето на меѓуножјето, на некои оддели е намален дури за 85 отсто.
А тој податок е толку неверојатен, затоа што на жените кои раѓаат токму пукањето на меѓуножјето и шевовите, да не зборуваме за шиењето „на живо“ и уште полошото шиење „на ладно“, е веројатно најлошиот кошмар на родилките.