Не, нема да му го отстапам седиштето на твоето дете во автобус!

Возењето со јавниот транспорт е одлична можност детето да научи да се снаоѓа во маса, смета новинарката Стефани Фернгтон.

0
1522

„Пред некој ден со пријателката се возев во метро“, го почнува својот текст за City Lab Стефани Фернгтон, „кога влезе мајка со шестгодишен син и почна да превртува со очите затоа што никој не станува да му го отстапи местото на нејзиното дете, гласно коментирајќи: „Не се грижи душо, ќе излезе некој наскоро па ќе можеш да седнеш“. Штом некој конечно стана, жената потрча да го смести синот на седиштето, како да не е во состојба да стои, иако ми делуваше совршено здраво“, пишува таа.

„И самата сум родител и разбирам колку знае да биде напорно, особено ако сте во преполно возило. Вистина е и дека нечија неспособност да стои не мора да биде видлива за обичен набљудувач. Но, општо гледано, мислам дека отстапувањето на место на дете кое е доволно големо самото да стои, испраќа лоша порака и дека е симптом на родителската култура која од децата прави инвалиди“, сметаа таа и додава дека со тоа им порачуваме на децата дека се неспособни и пречувствителни, не дозволувајќи им да дознаат колку се способни.

Психологот Џин Твенџи, авторка на книгата „Генерација ЈАС“ се сложува дека владее тренд на воспитување на „бебешки“ деца. „Порано беше нормално седумгодишно дете да оди само на училиште, а денеска заради такво нешто во САД би можеле да имате работа со социјалните работници“, објаснува таа.

Раснеме генерација без чувство на независност и верба во себе, заклучува Стефани Фернгтон, потсетувајќи се на своето детство и на растењето со својата строга мајка која била Гркинка и чии воспитни методи денеска, како што вели таа, би биле прогласени за контроверзни. „Кога ќе паднев од велосипед и ќе си го одерев коленото, веднаш ми велеше: „Престани да плачеш, жива си!“. Многу почесто велеше „не“ отколку „да“. Нејзиниот пристап не направи упорни и самодисциплинирани. И конечно, таа од нас би го очекувала спротивното од она што го очекуваат денешните родители, имено, да им го отстапиме местото на возрасните“.

„Возењето во јавниот превоз е одлична можност детето да научи да се снаоѓа во маса. Секако дека не е секогаш пријатно да се гушка држачот додека е возилото во движење, но да научиш да бидеш достоинствен кога ти е неудобно, е важен чекор во формирањето на личноста. Се вика: да се застане на сопствени нозе“, завршува таа.

[better-ads type='banner' banner='999' ]