Не ја прекривајте количката со газа, тоа е лошо решение за вашето бебе

Според експериментот на шведски стручњаци, после пола час прошетка, во количка покриена со газа температурата пораснала за 12 степени

0
429

Високите температури со кои се соочуваме деновиве и страшните приказни за топлотни удари кај најмалите што можеме да ги прочитаме на интернет, особено ги загрижува родителите на мали бебиња. Но бидејќи и тие мораат да излезат на воздух, родителите често се служат со стариот трик со газата со која ја покриваат количката надевајќи се дека е доволно тенка за да пропушта воздух, а сепак го штити бебето од директните сончеви зраци. Меѓутоа, колку и да е тенка, сепак зборуваме з аткаенина која ја впива сончевата топлина и ја задржува под себе, поточно, во бебешката количка кадешто, токму поради неа, температурата драстично ќе порасне. Освен директното сонце, за бебињата е уште поголема закана високата температура на воздухот.

За да го докажат ова, шведските стручњаци пред неколку години направиле ендноставен експеримент.

Кога излегле надвор, во количката била измерена температура од 22 степени. Тогаш ја покриле количката со тенка и проѕирна ткаенина и после половина час повторно ја измериле температурата во количката која тогаш изнесувала 34 степени. После дополнителен половина час, тенпературата стасала до 37 степени.

Освен што е ова опасно за бебето кое може да доживее топлотен удар, факт е дека до вака „заштитеното“ бебе нема да може да доаѓа многу свеж воздух па е речиси сеедно дали сте го прошетале бебето на воздух или не..
Наместо ова, користете чадорчиња кој само ќе го штитат од сонцето и ќе му држат сенка, избегнувајте ги најтоплите периоди од денот и внимавајте да ја туркате количка такашто бебето нема да биде директно изложено на сончевите зраци.

[better-ads type='banner' banner='999' ]