Не е исто – Дали е вашето бебенце цврсто или круто?

Кај хипертонусот детето ги држи стиснати рачињата подолго од три месеци од животот и многу рано може самостојно да го држи главчето. Оваа состојба понекогаш ги залажува родителите па мислат дека нивното бебе е исклучително напредно, а тоа всушност има состојба која треба да се третира.

0
1269

Некои бебиња се премногу цврсти и крути, што се нарекува покачен тонус на мускулите или хипертонус. Оваа состојба понекогаш ги залажува родителите па мислат дека бебињата со хипертонус се исклучително напредни.

Имено, стиснатите дланки и згрчените нозе се нормални и вообичаени за тукушто родените бебиња, но со време таа напнатост би требало малку да попушти. Кај хипертонусот детето ги држи стиснати дланките поодлго од три месеци од животот и многу рано може самостојно да го држи главчето, уште пред третиот месец. Понекогаш таквите бебиња уште во првите три месеци од животот можат да заземат седечка положба ако ги држите за раце, а честопати и пренагласено реагираат на било каква аудитивна, визуелна или тактилна стимулација. Можеби и ќе успее да се преврти од стомак на грб, што родителите ќе го сметаат за успех и напредок, а ова бебето би требало да може да го направи дури со околу 8 месеци. Хипертонусот главно се открива на редовните лекарски прегледи, а е нешто почест кај предвремено родените бебиња, бебеињата од ризичните бремености и кај оние кај кои при раѓањето дошло до компликации.

Ако докторот не забележал ништо, а вие се сомневате дека вашето дете има покачен тинус на мускулите, слободно прашајте го за тоа. Покачениот тонус може да биде препрека во подоцнежниот моторички развој затоа што со создаваат погрешни шеми на движење. Во случај на хипертонус докторот веројатно ќе ве прати кај физиотерапевт кој ќе ви покаже вежбички за нормализација на тонусот. Колку и да изгледа невозможно затоа што детето се спротивставува и цврсто се држи, бидете упорни и секако, нежни. Проблемот на хипертонус може успешно да се реши со адекватни вежбички и положби при повиткувањето и спиењето.

[better-ads type='banner' banner='999' ]