Готвењето заедно со детето ќе му помогне да си ги повтори лекциите по математика и читање.
Вашето дете веќе знае да брои до сто и да решава едноставни задачи со собирање и одземање. Готвењето може да го научи детето многу други работи. На пример:
– Дропки. Кога во рецептот стои ½ чашка од некоја состојка, а вие сакате да ја зголемите дозата (за два или четири пати), колку количество ќе ви биде потребно сега?
– Мерење. Дозволете му на детето да ги измери дозите со лажици и шолји наместо вас. Што е повеќе, ½ шолја или ¾?
– Проценка и волумен. Дали две шолји ќе се соберат во садот?
– Време. Колачињата се печат десет минути. Веќе поминале пет, уште колку треба да се печат?
Покрај тоа што вашето дете ќе научи нешто ново, на крајот и вие ќе имате некој вкусен десерт.
Научете го да готви!
Не го бркајте вашето дете од кујната додека правите ручек, напротив, вашата кујна е најдобрата училница за вашето дете после училиштето