Она дека децата повеќе ја сакаат амбалажата во која е спакувана играчката од самата играчка не е далеку од вистината.
Секоја играчка порано или подоцна на децата знае да им здосади.
Добро решение е повремено да се тргнат настрана играчките со кои детето не си игра па да се извадат повторно после месец-два.
Освен ова, забава на вашето дете можат да му бидат и најбаналните предмети.
Еве ја листата од најдраги играчки за децата кои воопшто и не се играчки:
Градници
Ставањето предмети на глава е секогаш интересно за децата па не треба да ве чуди фактот дека децата секогаш со задоволство ќе земат некое парче облека и ќе го стават на глава додека вие ги средувате алиштата. Градниците се дефинитивно најинтересните детски шапки.
Прекинувачи за светло
Кога ќе пораснат доволно з ада можат да ги дофаќаат прекинувачите, почнува вашата диско фаза од животот со вашето дете. Светлата постојано ќе се палат и ќе се гасат, а за децата тоа ќе биде како магија.
Корпа за отпадоци
Дел од играта на децата со корпата за отпадоци, освен ставањето внатре, е и земањето работи од неа. Не треба да споменуваме дека ова не е баш хигиенски, па добра опција е ако на детето му купите пластичка кутија во која ќе фрлате само хартивчиња па ќе му дозволите да си игра со неа.
Миење садови
Децата секогаш се наоколу кога се мијат садови. Колку повеќе пена, толку поголема забава.
Тенџериња и фиоки
Тенџерињата и другите некршливи садови наредени во ниските плакари, се особено интересни за децата. Со тенџерињата можат да тропаат, да редат внатре се и сешто па дури и да ги ставаат на глава.
Леплива лента
Лепливата лента е универзално помагало во секој дом со заиграно дете. Дали станува збор за скршема креда, автомобилче или нешто слично, лепливата лента ќе ја спаси работата. Затоа и им е интересна на децата па секогаш сакаат да си играат со неа.
Обувки
Тие се супер забавна играчка само ако не се детски обувки, туку, најчесто, оние на мама со високи потпетици или пак оние големите, од тато. Секогаш вистински начин за да се насмее целото семејство.