Кога се родил малечкиот Остин Даглас тежел само половина килограм, а бил голем колку човечка дланка. Но покажал дека дури и толку мал и неподготвен за светот, може да биде голем борец.
Бебето пребродило толку многу работи што лекарите во Birmingham Heartlands Hospital го нарекле вистинско чудо.
Кога се родил, во 22.недела од бременоста бил толку малечок што можел да застане на дланката од неговиот татко. Кожата му била проѕирна, низ неа можеле да се видат речиси сите органи, а неговите уши се уште не биле развиени како што треба. Но овој мал борец го оставил сето ова зад себе и како што вели неговата мајка Хелен Даглас од Велика Британија: „Тој не е само лудо, тој е двојно чудо. Толку години ни велеа дека нема да можеме да имаме дете, и кога конечно забременив, мислев дека на нашите маки и дојде крајот. Немаше никакви компликации кои би укажувале на предвремено породување, толку порано од терминот, но тоа обично и така бидува“.
Кога во 22.недела од бременоста добила болки, мајката успеала да стаса во болница кадешто бебето веднаш по раѓањето било сместено во инкубатор. Малечкото е се уште во болница, но добро се опоравува, органите му се развиваат исто така добро, бебето расте и родителите се надеваат дека кон крајот на месецот конечно ќе можат да го земат дома.