Мајка на две деца од Минесота ја тужи болницата во која нејзиното бебе два дена по раѓањето и било однесено на доење на друга родилка во истата болница. Нејзиниот син Коди кој е роден во 2012 година од персоналот во болницата Abbott Northwestern било заменето и однесено на доење кај друга мајка која го подоила мислејќи дека е тоа Лиам, едно од нејзините близначиња кои ги родила во истиот период во болницата. Откако грешката е откриена и двете мајки биле вознемирени. Поради ова Коди бил цела година подложен на тестови за ХИВ и хепатитис, кои за среќа биле негативни, но неговата мајка сепак бара од болницата оштета во висина од 50.000 американски долари поради тоа што двете страни биле непотребно изложени на непотребни третмани и тестови.
Мајка ја тужи болницата откако бебето и било подоено од непозната жена
Жена од Минесота ја тужи болницата затоа што два дена по раѓањето, нејзиното бебе било однесено по грешка на доење кај друга родилка