Децата знаат да бидат многу нетрпеливи, а со оглед на тоа што има многу работи кои се за нив нови, важни или само интересни, можеме да разбереме зошто не можат да дочекаат да ги споделат со вас.
Еве едноставен начин со кој ќе ги научите да не ве прекинуваат кога зборувате со некој друг и да почекаат. Една жена на интернет го споделува своето искуство.
„Бев кај една своја пријателка. Седевме, пиевме кафе и разговаравме, кога нејзиниот петгодишен син дотрча и сакаше нешто да ѝ каже, но наместо да го прекинува нашиот разговор, тој едноставно ја стави раката на нејзината и почна да чека. Таа исто така ја стави својата рака врз неговата и го продолжи разговорот со мене.
Мислата беше завршена и мојата пријателка се сврте кон детето.
Толку едноставно, толку нежно. Овој гест беше полн со почит. Детето малку почека, а потоа таа го усмери сето свое внимание кон него. Му го раскажав ова на својот сопруг и веднаш ја усвоивме оваа техника.
Им објаснивме на децата дека ако сакаат нешто да ни кажат, а ние веќе зборуваме со некој друг, едноставно, треба да ја стават својата рака на нашата и малку да почекаат.
Минимум време и малку пракса, и децата престанаа да не прекинуваат“.
Наместо груби фрази од типот: „Не упаѓај во разговор“ или „Нели гледаш дека зборуваме, почекај малку!“…Само лесен допир со раката.
Пробајте и вие!