КОЛКУ ВОДА МУ Е ПОТРЕБНО ДНЕВНО НА ДЕТЕТО

0
3985

Вoдата игра многу голема улога кога се во прашање телесните функции. Со потењето се регулира температурата на телото, се исфрлуваат токсините преку урината и се овозможува циркулирање на корисните материи по пат на крвта. Поради тоа од голема важност е детето да ја надополни изгубената течност, а тоа особено е значајно за дете кое е активно, но и во текот на потоплите денови, кога малите деца повеќе се потат.
Добрата хидратација е важна за концентрацијата, идеалната телесна тежина, намалувањето на ризикот за појава на хронични болести, уринарните инфекции, како и за регулирањето на проблемите со столицата (констипација).
Меѓу многуте дилеми кои младите родители ги мачи е и таа: дали на новороденчето треба да му се дава вода и дали оваа течност е „забранета“ и непотребна до шестиот месец.
И покрај препораките на Светската здравствена организација – мајките своите бебиња да ги дојат најмалку половина година и во тој период на бебињата да не им даваат дополнителна течност, затоа што правејќи го тоа во првите шест месеци од животот на бебето го попречуваат процесот на доење, лекарите, сепак, сметаат дека не треба да бидете исклучиви при донесувањето на овие и на слични одлуки.
На бебето треба да му понудите вода, а доколку е жедно, тоа ќе ја испие, велат педијатрите. Тврдењето дека новороденчето помалку ќе цица ако пие вода едноставно не држи. Сигурно мајката нема прво да го напои детето со вода, па дури потоа да го нахрани. Важно е на бебето да му се понуди вода после јадењето или помеѓу оброците.

КОЛКУ ВОДА МОЖЕ ДА МУ СЕ ДАВА НА БЕБЕТО?

Во зависност од температурата и од влажноста на воздухот, но и од телесната тежина на бебето и од неговите активности, препорачаните дневни колични на внес на течности во текот на првите недели од животот се од 80 милилитри, па до 160 милилитри помеѓу третиот и шестиот месец од животот.

КОЛКУ ДЕТЕТО ДНЕВНО ТРЕБА ДА ИСПИЕ ВОДА?

Се смета дека детето на возраст од една до три години треба да испие околу 1,3 литри вода во текот на денот. Имајќи предвид дека детето има мошне помалку килограми од возрасно лице, тоа и многу полесно дехидрира. Исто така, малите деца често ја игнорираат жедта бидејќи се окупирани со играта. Додека детето да сфати дека е жедно, веќе дошло до средно ниво на дехидратација и веројатно ќе побара вода дури кога ќе почувствува замор и вртоглавица.
На помало дете кое не може да ви каже дека е жедно, вода понудете му кога и да  се напиете вие, а најдобро би било на секој час. Добро би било на детето шишенцето со вода да му биде на видливо месо, за да може и само да ја земе.
Посебно треба да водите сметка доколку детето има дијареа, повраќа или има зголемена температура. Во такви случаи тоа губи големи количини течности кои што треба да ги надополни. Водата и благите чаеви можат да помогнат, но треба да ги давате во мошне мали количини, на секои 10 -15 минути.

КАКО ДА ГО НАТЕРАМ ДЕТЕТО ДА ПИЕ ВОДА?    

Послужете се со трикови за детето да ужива во пиењето вода. Приказните за тоа колку водата е важна за организмот не се интересни за детето и тоа не ги разбира, па подобро е да смислите позабавен начин да го „принудите“ да пие вода.
Децата не сакаат премногу студена, но ниту млака вода, најдобро би било водата што им ја давате на малите деца да биде приближна до собната температура. Можете водата што стоела во ладилник да ја оставите половина или еден час да се загрее, па дури тогаш да му ја дадете на детето.
Исто така, добро би било да купите некое интересно шише и да му кажете дека тоа служи само за вода, па ќе му претставува задоволство да пие од него.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]