Да сте мајка некаде на истокот од Азија или во Африка, првите шест недели по породувањето би ги поминале дома, во кревет со бебето, одмарајќи се од породувањето и поврзувајќи се со бебето. Овој период трае 45 дена и во дел од светот е период кога мајката има подддршка од роднините и пријателите. Помошта во домашните работи, чувањето на постарите деца и поддршката на новата мајка се најчест вид на помош.
Ова ѝ помага да се одмори, да ја врати својата сила по породувањето, но и да се поврзе со своето бебе.
За жал, модерниот начин на живот им го оневозможил ова на повеќето жени, а и оние кои можат тоа да си го дозволат, не сакаат. Денеска женитре сметаат дека мора да бидат самостојни и силни, па е многу важно колку дена после породувањето ќе се врати на вообичаениот ритам на живот. Од познатите чии фотографии ги гледаме на социјалните мрежи, кадешто уште три дена после породувањето изгледаат одлично и како да не се случило ништо, до жените кои веќе после неколку дена ги извршуваат сите домашни работи и се враќаат на работа. Периодот на леунки е минато!
Меѓутоа, првите неколку денови по породувањето се посебно искуство за секоја жена. Иако е еден од најтешките периоди во животот на жената, ова е воедно и едно од најтешките.
Токму што сте станале мајка, изморени од породувањето, физички се уште не сте најдобри, а хормоните ви лудуваат. Имате мало суштество на кое сте му цел свет, се мачите да фатите ред со доењето, а ако имате и поголеми деца, тогаш сето ова станува уште потешко.
Светската здравствена организација го опишува овој постпородилен период како најкритична фаза во животот на мајката и детето. Без оглед на тоа, ова е период кој најмногу се запоставува. Во денешниот свет, од жените се очекува да се на нозе уште третиот ден по породувањето.
Во повеќето земји жените немаат породилни отсуства, а ако и имаат, понекогаш не можат финансиски да си дозволат да бидат со детето одреден период по породувањето.
Иако кај нас жените имаат девет месеци породилно отсуство, сепак не значи дека можат да си дозволат одмор во овој период со оглед на тоа што татковците не можат да си дозволат слободни денови, па жените веќе после неколку денови се препуштени сами на себе.
Тука се и очекувањата на средината дека жените веднаш после породувањето мораат да се грижат за себе и за детето. Додека постпородилната депресија расте, а мајките паѓаат од замор, постопородилниот период никогаш не бил поважен. Толку време минуваме грижејќи се за бременоста и подготвувајќи се за породувањето, а толку малку за она што следува по раѓањето на бебето.
Дали сте и вие од оние кои многу бргу по породувањето морале да си ги преземат обврските во свои раце?