Која храна е најважна за тинејџерите?

Во периодот на бурен развој на децата им се потребни многу хранливи состојки, па затоа во периодот кога тие се менуваат, имаат проблеми со кожата и со промена на расположенијата, храната има клучна улога.

0
658

Познато е дека тинејџерите најмногу трчаат по лоша брза храна, по слатки и никогаш немаат време за мирен оброк.

Сето тоа може да доведе до појава на вишок на килограми и уште понемирен тинејџерски период, додека пак други го губат апетитот.

Сервирајте им го вистинскиот избор на храна, послужете се со трикови и заменете ги брзата храна и газираните сокови со овие намирници.

Млеко и јогурт

За децата во развој е секогаш клучно млекото. Погрижете се вашиот тинејџер да испие барем една шолја млеко на ден затоа што на тој начин ќе обезбеди оптимална хидратација. Млекото е важно и за обновување на изгубените течности после некоја физичка активност. Ако не сакаат млеко, уште подобар избор е јогуртот. Ако не сакаат, правете им природни шејкови со овошје (банани, јагоди, капини, круши,…).

Свежо овошје и слатки

Свежото овошје е секако важно, но сувото е одлично ако сакате да ги залажете и наместо грицки како чипс и други мрсни и калорични грицки, подметнете им суво овошје и јаткасто овошје кои се добри извори на здрави масти.
Слатки? Не можете да им ги забраните и да не им дозволите одвреме навреме да уживаат во слатки, но и тука постојат здрави замени. Наместо обично, купувајте црно чоколадо, а добра опција е и медот. Направете им вкусни здрави плочки од суво овошје, овесни снегулки и мед.

Ручек

Трудете се како поради вас, така и поради вашето дете да користите што повеќе производи од цели житарки – заради здравите нутриенти и влакна. Одличен избор е и кафеавиот ориз. Сојата е препорачлива затоа што е полна со железо, а на тинејџерите, особено на девојчињата, потребни им се дополнителни извори на железо. Затоа понудете им спанаќ, блитва, џигерчиња, семки од тиква, цвекло,…
Важни се и јајцата, како и рибата која е добар извор на омега 3 масни киселини кои ја подобруваат работата на мозокот и ги контролира промените на расположенијата.

[better-ads type='banner' banner='999' ]