КОЈ ВИТАМИН Е НЕОПХОДЕН ЗА ДЕТСКИТЕ КОСКИ?

0
1891

И покрај препораките дека децата помали од пет години како додаток на исхраната би требале да земаат витамин Д, дури 74 отсто родители не знаат ништо за тоа. Уште повеќе изненадува фактот што голем број од ниутриционистите не слушнале за овој податок.
Освен за децата, витаминот Д се препорачува и на трудници, доилки и постари луѓе бидејќи недостигот на овој витамин претставува огромен проблем, велат педијатрите.
Лекарите истакнуваат дека еднаш месечно имаат случај со рахитис, многу сериозна болест. Многу други деца имаат помалку сериозни проблеми, како недостаток на сила во мускулите, отежност при одење, болки во коските. Научниците се сигурни дека повеќето деца ширум светот имаат недостиг на витамин Д.
Овој витамин уште пред 100 години се употребувал како лек против рахитис, во време кога повеќето деца страдале од оваа болест. Но, во педесеттите години се појавил сомнеж дека децата земаат премногу витамин Д, поради што значајно била немалена неговата употреба. Се сметало дека витаминот Д е непотребен и опасен, и тоа била голема грешка, велат педијатрите.
Родителите главно не се свесни за ризикот од недостиг на витамин Д, но во незнаење живеат и многу нутриционисти, од кои голем број сметаат дека рахитисот е минато.
Научниците се сложуваат дека недостигот на витамин  Д доведува до лоша состојба на коските, вклучувајќи рахитис кај малите деца. Затоа, исклучително е важно децата, трудниците и доилките дневно да ги внесуваат препорачаните количини витамин Д, односно 10 мг. Но, уште поважно е родителите за овој пробелм да бидат информирани навреме.
Децата кои не излегуваат доволно на сонце, би требало да консумираат многу рибино масло и да земаат витамин Д како додаток на исхраната. Недостигот на тој витамин може да резултира со многу слаби коски, намалена мускулна функција и зголемен ризик од падови и кршеници.
Некои истражувања докажале дека развојот на коските започнува пред раѓањето, а можеби дури и во утробата, поради што е важно трудниците да го земаат овој витамин.

[better-ads type='banner' banner='999' ]