КОГА ДЕТЕТО МОЖЕ САМО ДА СЕ КАПЕ?

0
459

На шест години вашето дете веќе би можело само да се капе, но вие морате да процените дали е подготвено за тоа. Во тоа можат да ви помогнат неколку прашања, на кои веќе ги знаете одговорите.

– Вашето дете и натаму си игра со играчки додека се капе или сака да учествува во капењето, бара да го држи сапунот и тушот?

– Дали умее само да да се насапуни и да ја измие нечистотијата од себе?

– Дали умее само да влезе и излезе од кадата и дали е доволно внимателно притоа?

– Дали вашето дете може да стори неколку работи по одреден редослед без потсетување?

Доколку одговорите на овие прашања се позитивни, можете на детето постепено да му дозволите само да се тушира.

Додека вие го капете, учете го полека, чекор по чекор, како самото да ја изврши секоја активност посебно, под ваш надзор. Бидете покрај него и набљудувајте го детето како го прави тоа.

Откако сте одлучиле дека вашето дете може самостојно да се капе ви преостанува уште да му обезбедите сигурност во кадата или туш кабината. Научите го како да ја подесува топлата и студената вода.

Отстранете ги сите опасни предмети и хемикалии, како бричеви и средства за чистење. Ставете гума на дното на кадата или туш кабината за вашето дете да не се лизне и падне.

[better-ads type='banner' banner='999' ]