Овие кекси се за сите оние мајки кои редовно ги дојат своите деца и кои користат и пумпи за издојување. Ако ви снемува млеко заради некои психички или слични причини (на пример, поради неправилно доење) од овие кекси нема да имате многу полза. Тие се најпогодни за здрави доилки кои сакаат малку да го зголемат количеството на млеко што го произведуваат.
Овесните снегулки им се препорачуваат на доилките затоа што се полни со железо и влакна кои се важни за зголемување на производството на мајчино млеко.
Лененото семе е уште еден добар извор на влакна и содржат значајни количини на омега 3 масни киселини кои се важни за развој на мозокот на бебето.
Меѓу другите состојки, тука е и поивскиот квасец кој е здрав извор на протеини.
Кекси за доилки 1:
Состојки:
2 лажици мелено ленено семе
4 лажици вода
1 шолја путер омекнат на собна температура
1 ипол шолја кафеав шеќер
2 јајца
1 лажичка ванила
2 шолји брашно
3-4 лажици пивски квасец
1 лажичка сода бикарбона
1 лажичка сол
3 шолји овесни снегулки
1 шолја парченца чоколадо, суви брусници, грозје,… (по желба)
Приготвување:
1. Загрејте ја рерната на 180C. Во еден сад помешајте мелен лен и вода и оставете ги 5 минути. Изматете ги путерот и шеќерот, додадете ги јајцата и матете уште малку. Додадете ги ленот и ванилата. Оставете на страна.
2. Во друг сад помешајте ги брашното, пивскиот квасец, содата и солта. Додадете ги во првата смеса и добро измешајте. Додадете и по желба чоколадо или суво овошје.
3. Со лажица ставајте од смесата на тепсија обложена со хартија за печење и обликувајте кекси. Печете ги 10-15 минути и оставете ги да се оладат 5 минути пред да ги послужите.
Во смесата можете да додавате цимет, кокосово брашно, разно суво овошје,… Внесувајте доволно вода. Почесто нудете му млеко на бебето или издојувајте се.
Кекси за доилки 2:
Состојки:
1 ипол шолја овесни снегулки
1/2 шоја мелено ленено семе
1/4 шолја пченкарен скроб
4 полни лажици пивски квасец
1 лажичка цимет
1 лажичка сода бикарбона
1/2 лажичка прашок за пециво
2/3 шолји парчиња чоколадо
1/4 шолја кокосово масло, на собна температура
2/3 шолји јаворов сируп или течен мед
Приготвување:
1. Загрејте ја рерната на 180C и обложете ја тепсијата со хартија за печење. Помешајте ½ шолја овесни снегулки, скроб, пивски квасец, цимет, прашак за пециво и сода бикарбона. Измешајте се во блендер додека снегулките не се сомелат во прав.
2. Префрлете во посебен сад и додадете ги преостанатите овесни снегулки и чоколадото. Особено добро измешајте ги кокосовото масло и јаворовиот сируп (или мед), па измешајте ги со сувите состојки.
3. Наредете ги кексите на тепсија, па печете 10 до 15 минути. Кога ќе се оладат чувајте ги во добро затворен сад.