Да се донесе мудра одлука и да се вложи во она што е најважно, во своето здравје и во здравјето на своите најблиски е од најголема важност за секој човек. Студиите спроведени ширум светот откриваат дека луѓето во последните неколку години покажуваат поголема одговорност кон себе и кон членовите на своето семејство.
Грижата за здравјето и можноста за најквалитетно лечење во модерните здравствени установи, според резултатите од студиите се на првото место на приоритети во животот. Здравјето е сè во животот, но без здравјето сè друго е ништо.
Лечењето и одењето на лекар знаат да предизвикаат дополнителни нервози и уште поголем стрес, бидејќи чекањето пред ординациите и неможноста навреме да се закаже термин за преглед, се нешто што многумина би го избегнале. Луѓето најчесто посетата на лекар ја поврзуваат со губење на драгоцено време и финансии, па поради тоа најчесто одењето на лекар се одложува најмногу што може. Со тоа уште повеќе се загрозува здравјето и се влијае на можноста за навремена и брза реакција.
Со цел да му се даде вистинското место и приоритет на здравјето во животот светските трендови откриваат дека луѓето сè повеќе се интересираат за приватното здравствено осигурување, за нив и за целото семејство. Приватното здравственото осигурување за целото семејство е новитет кој е одлично прифатен во светот, а за прв пат се нуди и кај нас.
Со најновиот продукт за приватно здравствено осигурување, на Еуролинк осигурување, Семејно приватно здравствено осигурување, се овоможува здравствена заштита на целото семејство во најпознатите, најдобрите и најмодерните приватни здравствени установи во Република Македонија и во Европа, меѓу кои се Систина, Ремедика, Филип Втори, Неуромедика и др.
Со овој уникатен и фамилијарен пакет се покриваат голем број здравствени услуги и тоа: прегледи, лечење на тешки заболувања и рак, хируршки интервенции, но и најразлични специјалистички постапки. Она по кое што е познато и најпосакувано семејното приватно здравствено осигурување во светот е тоа што за било каков преглед или пак лечење не се чека и не се губат денови и време во здравствените лавиринти додека се открие причината и лекот за болеста.
Согледувајќи дека превентивната заштита е основа за добро здравје и рана дијагноза Семејното приватно здравствено осигурување покрива и трошоци за превентивни прегледи кои луѓето може да ги користат без претходно индицирана состојба и по своја желба кога сакаат да посетат гинеколог, стоматолог, офталмолог или да направат лабораториски преглед.
Продуктот Семејно здравствено осигурување се нуди преку три пакети на ризици – Основен за 1.800 денари месечно, Комфорт од 2.000 денари и Премиум кој што чини 3.350 денари.
За жал, најголемиот страв поради кој луѓето во светот се одлучуваат да купат приватно здравствено осигурување се малигните заболувања и токму поради тоа, Еуролинк во сите пакети вклучува лечење на малигни заболувања со најсовремени лекови кои се достапни во моментот на лекувањето како и лекови и процедури кои допрва ќе се имплементираат во светот.
Потоа тука спаѓаат и сите специјалистички и дијагностички постапки, вклучително и патологија, Х-зраци, КТ-скен, MRI-скеновите PET-скенови, хируршка операција, болнички материјали, лекови и завои пропишани од страна на лекар, ангажиран болнички персонал, хирург, специјалист, анестезиолог, користење интензивна нега, користење на операциона сала и импланти.
Со семејното здравствено осигурување сите осигуреници добиваат директна исплата на трошоците за лекување во приватните болници по избор на клиентот. Полисата овозможува и заштеда доколку не се искористи здравствената услуга во текот на осигурителниот период. Попустот на основната премија во износ од 6000 денари се пресметува како попуст на премија при обнова на полисата од претходниот период.
Повеќе информации за Семејно здравствено осигурување дознајте на http://www.eurolink.com.mk/