За да ја исперете правилно облеката на бебињата, треба да бидете многу внимателни. Облеката на бебињата бара често и детално перење за да се заштити бебето од нечистотијата, но истовремено мора да внимавате средствата со кои ја перете облеката да не му наштетат.
Еве на што треба да внимавате:
- Прочитајте ги упатствата за перење на посебните материјали од кои е направена облеката.
- Исперете ја облеката со посебно нежен детергент без мирис за да ги избегнете алергиските реакции или иритациите на бебешката кожа.
- Новата облека прво исперете ја пред да почнете да ја користите за да ја отстраните нечистотијата.
- Купете доволно облека за да можете да го пресоблекувате бебето повеќе пати на ден, но и з ада не мора да ја перете премногу често. Другата опција е да купувате помалку облека, но да ја перете често.
- Секоја дамка од храна и од други нечистотии прво отстранете ја такашто ќе ја ставите на рамна површина со мокра крпа под неа. На дамката ставете течен, ензиматски детергент и пуштете да отстои некое време. Потоа исперете ја цела облека со истиот детергент.
- Тврдоглавите дамки можете да ги отстраните со паста која ќе ја направите од вода и ензимски детергент во прав. Оставете ја пастата да стои на дамката и после исперете ја облеката со течен детергент.