KAKO НЕПЛАНИРАНАТА БРЕМЕНОСТ ВЛИЈАЕ НА ВРСКАТА?

0
298

Дури и кога бременоста е планирана, тоа е мошне интензивен период, по кој повеќе ништо нема да биде исто.

Доколку сте во врска и се сакате, но никако не можете да се одлучите за судбоносното „да“, бременоста и доаѓањето на бебето можат да ве поттикнат на тој голем чекор. Работите во односот се менуваат и вие почнувате да се чувствувате како семејство.

ХОРМОНИ

Стресот, кој го носи непланираната бременост може да го зајакне дејствувањето на хормоните. Често пати тој стрес доведува до кавга меѓу партнерите. Жените можат да се чувствуваат збунето, осамено, несфатено и преплашено. Сите тие чувства дополнително го поттикнуваат работењето на хормоните. Меѓутоа и нивните партнери можат така да се чувствуваат.

ПРВАТА ГОДИНА ГОЛЕМ ПРЕДИЗВИК

Доколку се одлучите да се венчате поради бременоста, можете да откриете дека таа блажена состојба носи и некои не толку светли работи за младенците. Партнерите цело време учат еден од друг, а кога ќе дојде детето, односот станува уште поголем предизвик.

Иако некогаш ќе ви изгледа дека во бракот не цветаат ружи, со растот на детето, грижата за него доведува до тоа партнерите меѓусебно подобро да се запознаат, а врската меѓу нив станува се посилна.

ЗАЕДНО ЗРЕЕТЕ

Особено доколку двајцата сте мошне млади. Заедно растете и созревате сносејќи одговорност и се грижите за детето.

ПАРТНЕРСКА БЛАГОДАРНОСТ

Бременоста и детето ќе направат да се чувствувате како семејство повеќе од кој било документ. Можете и да се запрашате дали воопшто би останале заедно, доколку непланираната бременост засекогаш не ве споeла?

ИСПРАВНА ПРИЧИНА ЗА БРАК

Сигурно и вие и вашиот партнет ќе се прашате дали во бракот сте влегле само поради детето? Бракот е тежок и со деца и без нив, а последното нешто што треба да ве загрижува е дали сте венчани од вистинската причина.

[better-ads type='banner' banner='999' ]