Линдсеј Вајт имала најдобри намери која го направила своето црно-бело ќебенце – Boobs, наменето за доилките кои дојат надвор, а осмислена е воедно да го прекрие и бебето и да му оддаде признание на доењето и доилките.
Меѓутоа, екипата на Фејсбук не го сфатила тоа и ја забранила промоцијата со аргумент дека производот не може да се промовира поради сексуалната содржина.
Ќебето е бело, а на него се нацртани гради со сите облици и големини, а на фотографијата за огласот е прикажана мајка додека дои, со голи раменици.
Меѓутоа, сопственичката на ќебенцето, идејата и онлајн бутикот во кој се продаваат ќебенцата, немала намера да ја провоцира јавноста ниту пак да алудира на нешто сексуално па се зачудила кога ја одбиле од Фејсбук, а целата приказна се појавила во јавноста.
„Бесна сум што ме одбија на таков начин. На почеток мислев дека не сум ставила добри поставки па заради тоа одбиваат да ми земат пари за промоцијата, а кога конечно стигна одговорот, не можев да верувам“, им раскажала жената на медиумите и додала дека токму ваквиот став на некој од „горе“ е причината поради која жените не се чувствуваат пријатно кога дојат во јавност.
„Затоа и го дизајнирав ова ќебенце, да биде прекривка, а сепак, на некој начин да го промовира доењето. Впрочем, сум видела толку дозволени реклами на Фејсбук кои се значително посексуални од фотографиите кои јас ги испратив што на крајот не ми останува ништо друго освен да заклучам дека со овој свет нешто не е во ред. И дека конечно треба да се престане да се гледа на доењето како на нешто погрешно. Заради тоа жените често и не се осмелуваат да го подојат своето дете, а сега излегува дека дури ниту прекривката не е примерен производ“.