Како им штетите на своите деца со објавување на нивните фотографии?

„Немале ниту срам, ниту граници. Не им било грижа дали седам на шолја или лежам гола во креветчето. Секој момент бил фотографиран и јавен“, вели 18-годишна Австралијанка која ги тужи родителите.

0
1099

Според студијата на Фејсбук, родителите повеќе ги ажурираат своите профили преку фотографии, видео исечоци и објави, отколку оние кои не се родители. Интересно е што притоа, таквите ажурирања, околу 98 отсто од нив, ги прават мајките, затоа што на тој начин бараат совети, поддршка, информации, но и потврда за квалитетот на своето мајчинство.

Според студијата на Прије Кумар, фотографиите на децата на социјалните мрежи можат да се поделат на слатки, смешни, семејни и оние кои означуваат битни моменти во животот на детето. Таквата поделба на фотографиите овозможува подобро поврзување со роднините и другите мајки, заради што во денешно време цело едно дигитално дело одгледува дете со кое не е во директен контакт.

Меѓутоа, на социјалните мрежи нема само добронамерни поединци, а самиот процес на дигитализација повлекува со себе и негативни последици.

Откако во 2013.година во јавноста се појави статијата на Еми Веб, директорка на агенцијата за дигитална стратегија, таа го запали интернетот и предизвика низа од слични статии. Во неа таа ги наведува причините за необјавување на фотографии од своето дете и тврди:

„Денеска, безброј апликации, веб страници и нови технологии се потпираат на препознавање на лицата, а сеприсутната биолошка идентификаија допрва почнува. Во 2011 година група хакери изработија апликација која овозможува скенирање на лицето и на мобилниот телефон ги прикажува имињата со основните биографски податоци. Програмерите направиле и апликација за препознавање на лица за Google Glass. Иако Гугл забранува официјални апликации за препознавање на лица, не може да го спречи појавувањето на неофицијални апликации. Постои огромна вредност во пристапот кон деталните информации за личноста со која сте во интеракција во реалното време“. Со други зборови, со објавата на фотографии од децата на алгоритмите им овозможувате со текот на времето да учат се повеќе за нив, со што престанува анонимноста на вашите деца. Меѓутоа, алгоритмите не се единствен проблем.

Кели Бритнел од Агенцијата за безбедност на децата во Австралија предупредува дека детски фотографии се најдени на педофилските страници и дека со нив родителите ненамерно откриваат важни информации за своите потомци.

„Кога еднаш ќе ја објавите фотографијата, со неа давате доста информации кои не зависат само од вашиот круг на пријатели туку и од пријателите на пријателите, рекла Бритнел.
Објавата на фотографиите може да има и негативни последици на менталното здравје на детето затоа што заради нив детето може да биде изложено на врсничко злоупотребување и исмејување. Еден од таквите најлоши примери е оној на Џесика Гвозд, професионална фотографка која на својот Flickr профил објавила фотографија од својата четиригодишна ќерка за подоцна да дознае дека таа фотографија, како и фотографиите од други деца, две тинејџерки од Бразил ги искористиле за да креираат лажни профили и им давале оценки од сексапил.

Исто така, повеќето деца, еднаш кога ќе пораснат, фотографирањето на своите родители го сметаат за непожено за што сведочи и случајот на 18-годишна Австралијанка која ги тужела своите родители заради објавување на непријатни детски фотографии.

„Немале ниту срам, ниту граници. Не им било грижа дали седам на шолја или лежам гола во креветчето. Секој момент бил фотографиран и јавен“, рекла оваа 18-годишна Австралијанка.
Ако овој пример ви изгледа бизарен, ќе споменеме и дека родителите во Франција заради загрозување на приватноста на детето се подложни на служење на затворска казна во траење од една година или казна од 45 илјади евра за оштета.

Семејното фотографирање не е новост. Таквата култура, популарно наречена Кодак култура, се изродила со ширењето на ефтини камери во последните децении од 20.век кога фотографирањето им станува достапно на сите, а во нејзиното средиште секогаш биле децата, што конечно може да се види и од летните фотографии со кои сме опкружени секоја година на социјалните мрежи.
Иако тие можат да бидат исклучително убави, интимни и забавни, можат да ни донесат непријатности.

Наместо да не приближат до семејството, таквите фотографии можат да не одвојат од него и да ни предизвикаат проблеми. Со нив ги изложуваме децата на секакви работи, а постојаната изложеност пред камерите ги претвора семејните моменти во претстава.

Родителите би требало да им бидат примери за позитивно однесување на своите деца, а постојаната изложеност на децата пред камерите, ги учи дека задоволстото со себе може да се постигне единствено такашто ќе освојуваат лајкови на социјалните мрежи што негативно влијае не само на развојот на детето, туку и на неговата самодоверба подоцна во животот.

Затоа, задржете ги своите профили на социјалните мрежи за себе. Тие се само ваши и не му припаѓаат на никој друг па ниту на вашите деца. Задоволството од сопствениот живот може да се прикаже и на други начини, а на своите деца да им се овозможи живот далеку од очите на јавноста. Каков што имавме ние и нашите родители.

Дали сте вие ЗА или ПРОТИВ објавување на фотографии од своите деца на социјалните мрежи?

[better-ads type='banner' banner='999' ]