КАКО ДА ЗНАЕТЕ ДЕКА ПОРОДУВАЊЕТО ПОЧНАЛО?

0
22685

Породилните болки почнуваат кога доаѓа до контракција на матката. Контракциите тогаш стануваат се посилни и почести. Контракциите и овозможуваат на матката да го потисне бебето надолу, а во исто време го повлекува цервиксот кон горе и го шири, овозможувајќи доволен простор за доаѓањето на бебето на свет.
Поголемиот број породувања почнуваат со многу ретки и болки кои едвај се чувствуваат. Поради тоа повеќето идни мајки во првите часови од породилните болки не се сигурни дека породувањето почнало.
Многу жени чувствуваат релативно силни „Braxton Hicks“ контракции. Тоа се таканаречени „лажни болки“, па трудниците, мислејќи дека породувањето почнува, неретко завршуваат во болница, од каде обично се враќаат дома, бидејќи, всушност, ништо не се случува. Оваа појава е релативно честа, па затоа не треба да се јави страв ако дојде до лажни болки.
Ако бременоста е уредна, не е потребно да се брза за во болница откако ќе се почувствува наговестување на болките. Многу трудници се чувствуваат поопуштено и подобро ако првите часови од породилните болки ги поминат во својот дом. Доколку, сепак, трудницата не е сигурна што се случува, може да му телефонира на својот гинеколог или во болницата, за да добие совет како да постапи.

СИМПТОМИ КОИ СИГНАЛИЗИРААТ ДЕКА БЕБЕТО ДОАЃА

Време на контракцииРечиси е сигурно дека дошло времето за пораѓање ако контракциите траат подолго од 40 секунди, како и ако времето меѓу две контракции се скратува, а тие стануваат поинтензивни. Кога ќе се појават три контракции во рок од 10 минути, може да бидете сигурни дека се работи за пораѓање.
Крваво-слузав исцедок Ако забележите таков исцедок, тоа најверојатно е чепот кој го држел затворен вратот на матката. Породувањето обично настапува набргу потоа, иако тоа не е правило. Таков исцедок може да се појави и неколку дена пред породувањето. Некои жени воопшто и не го забележуваат таквиот исцедок, така што – ако и не сте го забележале, тоа не значи дека породувањето не почнало.
Пукнат воденик Тоа е знак дека попуштаат мембраните кои ја опкружуваат плодовата вода во која се наоѓа бебето. Тоа може да се случи ненадејно, но многу често се случува полека и постепено, така што тоа и не може да го забележите. Многу е веројатно дека воденикот ќе пукне кога ќе почнете да чувствувате зачестени и силни болки. Постои ризик од инфекција доколку дојде до пукање на воденикот пред да почнат болките, бидејќи водата може да ја повлече и папочната врвца, оневозможувајќи довод на доволна количина на кислород до бебето (тоа се случува исклучително ретко). Доколку тоа се случи, веднаш отидете во болница.
Кога болките почнуваат, ако се ретки и благи, најдобро е да се остане дома и да се почека да станат посилни и почести, па дури тогаш да се замине во болница. Тоа може да потрае и неколку часови, па се советува тоа време да се помине во пријатна и релаксирана атмосфера. Обидете се да се опуштите, слушајте ја омилената музика, гледајте телевизија или читајте книга. Ако тоа е можно, гледајте да дремнете меѓу брановите болки кои доаѓаат.
Ако забележите исцедок или друга форма на губење на крв, ако почувствувате мачнина или главоболка, ако видите дека се случува што и да што отвора сомнеж, веднаш отидете во болница за да добиете соодветна нега или совет.

ШТО Е КОНТРАКЦИЈА?

Матката се состои од мрежа од мускулни влакна. Во моментот кога контракцијата е најинтензивна, мускулните влакна се најнапнати и болката е многу силна. Тоа може да го почувствувате како силна менструална болка или како каиш кој се стега околу стомакот. Може да почувствувате бoлка во грбот или однапред.
Влакната потоа се опуштаат и паѓа интензитетот на контракциите, но мускулните влакна стануваат пократки отколку што биле. Резултатот на контракциите е дека бебето е поместено малку повеќе кон надолу, а цервиксот останува поотворен отколку пред контракциите.

[better-ads type='banner' banner='999' ]