Како да се препознаат раните знаци на психопатија кај децата?

Психопатијата можеме да ја дефинираме низ два модели при што личностите се манипулативни и страдаат од недостаток на емпатија или не се во можност да покажат каење, антисоцијални се и водат девијантен начин на живот втемелен на импулсивност и криминал.

0
1422

Кога го набљудуваме однесувањето на возрасните со антисоцијални или психопатски тенденции, често велиме дека не сме се изненадиле затоа што тие во детството ги малтретирале другите деца, се изживувале врз домашните миленици или биле вклучени во ситни кражби. Меѓутоа, таквото теоретизирање за луѓето обично се прави реатроактивно. Со други зборови, знаете дека е некој потенцијален психопат, на тој начин што ја помните таа личност како дете.

Психопатијата можеме да ја дефинираме низ два модели при што личностите се манипулативни и страдаат од недостаток на емпатија или не се во можност да покажат каење, антисоцијални се и водат девијантен начин на живот втемелен на импулсивност и криминал. Двата модели можат да станат видливи во детството, но се поставува прашањето на која возраст?

Направено е истражување во кое се следени 731 двегодишници и нивните мајки во период од 7 години. Научниците следеле предпсихопатско однесување, што вклучува ниско ниво на емпатија и чувство на вина. Испитани се лица со понизок економски статус со повеќе фактори на ризик.

Родителите и учителите морале да го оценат нивото на емпатија на детето и грижа за другите, како и способноста за лажење.

Оценувале 5 форми на однесување:

Детето не изгледа како да се чувствува виновно после неприфатливо однесување.
Казната не го менува однесувањето
Детето е себично и не сака да дели
Детето лаже
Детето е итро и се обидува да се провлече.

Детските проблеми во однесувањето можат да се воочат и низ борбеноста, уништувањето на играчки и други предмети или изливи на лутина.

Откриено е дека двегодишниците, по навршената 3.година развилле позначајни проблеми во однесувањето. Одговорите на мајките од почетокот на истражувањето биле добар вовед во подоцнежниот разввој на однесувањето на децата. Одговорите на учителите се исто така добар предиктор на нивното однесување во подоцнежната возраст.
Научниците веруваат дека нивното откритие може да има превентивна вредност, затоа што кога многу мали деца се идентифицираат како ризични за развој на психопатија, родителите и наставниците можат да преземат чекори за да им помогнат да развијат позитивни, социјални и емоционални особини. Таквите интервенции мораат да се одвиваат преку стручни лица.
Значи, родителите можат да го воочат ризичното однесување на детето уште во втората година од животот, а воспитувачите и учителите од третата година. Добра вест е што со овие сознанија можеме да интервенираме за да го промениме текот на развојот на детето.
Причината за психопатското однесување се уште не е утврдена. Со оглед на тоа што не е јасно дали е тоа наследно или дефинирано со воспитувањето, вано е да се знае дека на однесувањето може да се влијае, но треба да се почне со време. Во некои постари истражувања е утврдено дека воспитувањето може да им помогне на децата си наследен ризик за развој на рана психопатија.

[better-ads type='banner' banner='999' ]