Како да ја подготвите за првата менструација?

Подготвувањето на девојчињата за првата менструација е по природа задача на мајката. Меѓутоа, многу не знаат од каде да почнат и што и колку треба да кажат. Еве неколку совети.

0
650

Изненадувачки е колку мајки воопшто не разговараат со своите ќерки за да ги упатат пред да настапи периодот на промени во нивните животи, односно, добивањто на првата менструација. Бидете подготвени за комуникација со вашите девојчиња со помош на овие совети.

Кога да се почне разговорот?

Имајќи предвид дека девојчињата денеска ја добиваат првата менструација порано отколку што тоа било случај порано, информираноста однапред воопшто не е лоша. Подгответе се да разговарате со своите ќерки на оваа тема веднаш штом ги забележите првите промени на нивното тело. Влегувањето во пубертет е вистински момент за да ги подготвите што подобро за промените што ќе се случуваат.

За двајцата родители е понекогаш тешко да прифатат и правилно да реагираат на првата менструација на ќерката затоа што гледаат на тоа како на показател дека нивното девојче пораснало. Секако дек знаевте дека тоа еден ден ќе се случи, но не го очекувавте толку бргу. Првата менструација е навистина почеток на женственоста и слободно прифатете ја како знак дека следувa период на чувствителност, променлици расположенија, повлекување во својот свет или срамежливост.

Како да се начне оваа тема?

Најлесен начин да ја воведете оваа тема е да зборувате за своето искуство со првата менструација и да не реагирате многу бурно покажувајќи ја својата возбуда. Не мора веднаш да се надоврзете на приказната за „пчелите и цвеќето“ само затоа што сте ја споменале првата менструација, наместо тоа, зборувајте за менструацијата  како за едно одбележје на женственоста.

Зборувајте за тоа како се чувствува жената во текот на тој период, на кој налин треба да води сметка за хигиената и за своето тело и обидете се да ја ублажите загриженоста на вашето девојче. Последната работа што ја сакате е вашата ќерка да ја добие првата менструација во училиште и да се исплаши дека ќе искрвари до смрт или дека е сериозно болна. Во такви ситуации не само што е детето во шок, туку ќе дојде во ситуација личност која не и е блиска како вие (наставничката или медицинската сестра) да и објаснуваат што се случува со неа. Затоа зборувајте и дури и ако таа не сака да ве слуша, затоа што сепак ќе ве слушне.

Вашата ќерка веројатно има другарка, или другарка на другарка и која веќе добила прва менструација и веројатно за оваа тема веќе знае повеќе отколку што мислите. Откако ќе забележите дека на вашето девојче почнале да му растат градите, имате одреден период да ја подготвите за првата менструација. Овој период зависи од девојче до девојче, но можете да сметате на сигурни 6 месеци иако обично овој период е многу подолг. Купете и однапред се што и треба за да може да си носи во чантата и да има при рака кога ќе и затреба. Објаснете и дека може да има болки во стомакот и непријатно чувство за да сфати дека е и тоа дел од менструалниот циклус. Не е доволно само да и купите прирачник, туку треба да и бидете и пријател со кој ќе може да разговара на оваа тема.

Емотивната страна на разговорот

Можеби доживувањето на првата менструација најтешко ќе ви падне токму вам. Вашата ќерка веројатно ќе биде со променливо расположение и премногу емотивна на преминот од детството во светот на возрасните, малку девојчиња се подготвени за ова и сосема е нормално да чувствуваат моментална дистанца кон таткото и да им е непријатно тој да знае дека добиле менструација. Ова е многи емотивен период за девојчињата и иако делумно го сфаќаат тој процес и фактот дека промените се неизбежни, делумно сепак одбиваат да го прифатат тоа. Потсетете ги колку ги сакате и потрудете се и таткото да поразговара со неа за „месечниот настан“. Првите неколку месеци веројатно ќе им биде малку чудно на сите во семејството. Девојчињата во тој период можат да чувствуваат срам или збунетост и важно е да се потрудите да го намалите влијанието на ова случување врз вашите животи. Секако, не треба да ги омаловажувате промените низ кои поминува туку да и покажете уште повеќе љубов и внимание.

Треба да запамтите дека вие сепак не можете да направите многу. Не ја влечкајте со себе во шопинг и не ја терајте да разгледува женски производи во аптеката додека и купувате влошки. И дефинитивно не морате да ја спомнувате целата приказна околу тампоните во тој момент. Родителите понекогаш се прашуваат дали при првата менструација е неопходна посета на лекар, но одговорот е – не. Секако, доколку не забележите некои проблеми, како на пример, обилно крварење, непријатен мирис или неиздржлива болка која не поминува со обичен лек против болки.

Запамтете дека на вашето дете сте му потребни без оглед дали има 3 или 13 години без оглед дали го признава тоа или не.

[better-ads type='banner' banner='999' ]