Родителите се служат со разни трикови за да им ги олеснат на своите деца болките од растењето на првите млечни запчиња. Некои идеи се навистина фантастични …
„Препорачувам домашни лижавчиња од замрзнато овошје – здрави се и вкусни за децата, но и одлично освежување во летните денови“ – Марина.
„Исечкајте покрупни парчиња краставица и ставете ја во замрзнувач на неколку минути па дајте му ја на детето да ја грицка. Ладното ќе ги ублажи болките, а и краставицата не е лоша“ – Сара.
„Јас му давав на моето дете мокро и ладно пешкирче за џвакање. Ефтино е, а има добар ефект“ – Јована.
„Замрзнат грашак! На моето дете грашокот му ги масираше непцата, а тоа мислеше дека добива вкусен деликатес. Неколку години мислеше дека грашкот се јaде само така“ – Елена.
„Замрзнати банани, праски или манго, смелени во блендер се фантастичен лек за овие болки“ – Кристина.
„Понекогаш им давав кора од леб и тоа функционираше добро“ – Александра.