На многу родители им е тешко да ги принудат децата на дневно спиење. Околу нив се случуваат толку многу работи и ги интересираат толку нешта што спиењето им изгеда ако едноставно губење на време.
Количината на сон зависи од возраста на детето. Новороденчињата спијат поголемиот дел од денот, а посе шест месеци бебињата спијат во просек околу два часа претпладне и два часа попладне. На возраст од две години спијат во просек околу два часа попладне, а на четири и пет многу деа сосема ќе се откажат од дневното спиење, но ќе спијат ноќе околу 12 часа.
Како да го заспиете детето во текот на денот?
1. Не го претворајте времето за спиење во битка. Обидете се да воспоставите рутина и направете од ова позитивно искуство за детето кое ќе може да се прилагоди кон распоредот ако се спроведува секојдневно.
2. Направете релаксирачка атмосфера 30 минути пред времето за спиење. Внимавјте детето да биде сито и полека да почне да се опушта, читајте му приказна или најдете му некоја мирна занимација. Имајте на ум дека е важен и квалитетот на сонот, такашто 30 минути квалитетен сон значат повее отколку два часа немирно фрлање низ кревет.
3. На бебињата покажете им дека почнува времето за спиење такашто ќе го придушите светлото, ќе пуштите тивка музика, е го изгаснете телевизорот, е им прочитате приказна и слично. Секој ден рутината нека ви биде иста за да научат дека е тоа време за спиење.
4. Кај поголемите деца, ако одбијат да спијат, обидете се да ги наговорите на тивка игра или на читање сликовница во кревет. Неретко од тоа и сами ќе заспијат.