Физиолошката и невролошката подготвеност на детето за одвикнување од пелени доаѓа, во просек, откако детето самостојно ќе прооди. Додека просечната возраст за навикнување на нокшир е од 2 до 3 години, некои деца се подготвени со месеци порано, додека други можат да бидат во пелени и до 4 години. Постојат неколку параметри по кои можете да процените дали е вашето дете подготвено да ги отфрли пелените.
Побарајте ги промените на однесувањето во купатилото
Како што вашето дете почнува да стекнува контрола над работата на своите црева и меурот, ќе забележите дека се намалува бројот на валкани пелени. Во тој период, повеќето деца одат на некое мирно место на кое сакаат да бидат сами. Не се изненадувајте ако го најдете детето како клечи во некое ќоше или е само во својата спална соба непосредно пред да ги наполни пелените.
Се менуваат неговите реакции на мокри или валкани пелени
Како што детето станува се посвесно за функционирањето на неговото тело, тоа ќе даде до знаење дека му треба промена на пелените, со покажување или такашто ќе ви каже дека извршило нужда. Детето веројатно ќе стане фрустрирано и ќе му биде непријатно, а можеби и ќе се обиде да ги извади пелените.
Вашето дете бара независност
Како што станува посамостојно, ќе сака да прави се, вклучувајќи го и вршењето нужда. Ако ѝ се спротивставува на вашата помош при активностите каква што е на пример, облекувањето пиџами, тоа е еден од знаците дека е подготвено за навикнување на нокшир.
Откако ќе процените дали е вашето дете подготвено за отфрлање на пелените, време е за нова фаза, а таа е, во колку што е можно пократок рок и колку што е можно побезболно, да го одвикнете детето од пелени.
Според блогерката Кристина Копа, секој родител може лесно да го одвикне детето од пелени за една недела и тоа без стрес.
Секоја голема промена кај децата може да биде проблематична, а педијатрите тврдат дека децата можат емотивно да се врзат за пелените, што само дополнително ја отежнува работата.
Блогерката Кристина Копа, која е и самата мајка, тврди дека процесот е многу едноставен и успешен, а помош од страна нема да ви биде потребна.
Еве како да го сторите тоа.
Првите два дена
За почеток ставајте го на нокшир детето веднаш после будење и по враќање од надвор. Неколку часа во текот на денот седнувајте го на секои 15 минути. Пуштете го да си игра, јаде, гледа цртани, сите активности како и претходно, но сепак внимавајте на тајмингот. После 15 минути повторно на нокшир. Штом заврши ставете ја пелената и продолжете со секојдневните обврски. За време на третиот ден, тргнете му ја пелената целосно и продолжете да го ставате на нокшир, но не ставајте веќе пелена.
Доколку излегувате надвор, потрудете се со себе да носите нокшир или да одите некаде каде што има тоалет. Не заборавајте да носите многу резервни алишта со вас за пресоблекување ако се измочка детето.
Многу е важно да знаете дека во оној момент кога ќе ја тргнете пелената, никогаш повеќе не смеете да ја вратите назад.
Соблечете му ја облеката на детето
Кога сте дома, оставете го нека шета голо, ако е доволно топло во домот или нека има на себе памучна маица. Ако детето нема на себе пелена или гаќички нема каде да ја обавува физиолошката потреба, па ќе мора да побара место. Затоа, секогаш чувајте го нокширот во близина.
Ако ја заврши работата во нокшир, обавезно покажете му, речете ‘бљак’, а потоа истурете во ВЦ шолјата и пуштете вода.
Разговарајте со воспитачките во градинката
Иако се ногу зафатени и не можат да внимаваат само на вашето дете, вие сепак обрнете им внуимание дека е во фаза на одвикнување од пелени, па да обрнат малку внимание на знаците.
Покажете му на детето како се прави тоа
Визуелното учење кај децата има навистина големо влијание и затоа не се стеснувајте да му покажете на детето како да врши нужда во ВЦ школката.
Ограничете ја количината на чаеви, сокови и млеко пред спиење
Ви текот на овој период не му давајте на детето да пие течности најмалку еден час пред спиење. Запомнете дека ноќното одвикнување од пелени не треба да оди во пакет со дневното, затоа што ова би било премногу за вашето дете, но е сепак важно тоа да се разбуди суво сабајлето, без оглед на пелената.
Читајте му приказни со оваа тематика
Читајте му, заедно гледајте слики, менувајте гласови и потрудете се одвикнувањето од пелени да му го претставите на најзабавниот можен начин.
Обично девојчињата побргу се одвикнуваат од пелените во споредба со момињата. И не заборавајте дека сите деца се различни и дека терањето на детето на нокшир доколку не е подготвено за тоа, едноставно не се исплати.