Како да го облечете бебето по овие жештини?

Иако не е добро бебето претерано да го облекувате во текот на горештините, исто така не е добро ни да го оставите голо, односно, само по пелена.

0
1190

Веројатно мислите дека на бебето кога е многу жешко му е попријатно ако е голо, имајте на ум дека неговата кожа е тенка и чувствителна. При високи температури се доволни само 10 минути возрасните луѓе да добијат изгореници, па замислете што може сонцето да ѝ направи на кожата на вашето бебе.

Доволен е еден слој на облека, но најважен е изборот на материјалот. Се разбира, треба да користите исклучиво природни материјали, а најдобар избор е лесен памук или мешавина со лен.

Облеката нека биде што полесна и со светли бои, а исто така е важна и заштитата од сонцето. Употребувајте квалитетни креми со висок заштитен фактор и секогаш покривајте го главчето на бебето со лесно шеширче.

[better-ads type='banner' banner='999' ]