Многу деца иако се веќе во возраст кога тоа не е вообичаено, се уште мократ во кревет. Ако го имате овој проблем со вашето дете, колку и да се нервирате кога наутро по којзнае кој пат ќе видите дека вашето дете повторно ги намокрило чаршафите, имајте на ум дека проблемот не се врешава со казнување, затоа што вашето дете не го прави тоа намерно.
Еве што можете да се обидете. Ограничете му го на детето консумирањето на течности еден час пред спиење. Укинете му го пиењето на кока-кола и топло чоколадо затоа што содржат кофеин кој го надразнува мочниот меур. А можете да се обидете и со овој напиток кој го испробале многу мајки и се покажал како делотворен.
Чај од коприва
Состојки:
– 1/4 л вода
– 20 г коприва
Упатство:
Прелијте ја копривата со врела вода. Оставете да отстои 10 минути и исцедете. Детето нека пие голтка по голтка во текот на денот, но не навечер.