Како да бидете извонреден родител после разводот?

Вашите деца ќе бидат добро. Еве како.

0
773

Да се соочиме со тоа, родителството после развод не е лесно. Постојано се грижите како ќе влијае разводот врз децата. Се прашувате дали сте ја направиле вистинската работа. А заедничкото родителство не е прошетка во парк. Ниту е тоа еден родител.

Стапката на разводи е речиси 50 проценти. Тоа значи дека не сте сами и дека не му го уништувате животот на своето дете.

Всушност, студиите покажуваат дека децата кои раснат во дом во кој постојано има кавги и судири, се понесреќни од децата на разведените родители, наведува Your tango.

Ако настојувате да ги ставите вашите деца на прво место, тогаш морате да научите да бидете подобри родители. Нема секогаш да биде лесно, особено на почеток. Но добра вест е дека можете да минувате низ тежок период, но се уште можете да имате нормално семејство.

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да бидете подобри родители после развод:

Бидете искрени со децата
Погрижете се она што ќе им го кажете да биде соодветно на нивната возраст. Но запомнете дека лагите ќе ги влошат работите на подолги стази.

Не зборувајте лошо за другиот родител
Важно е да поставите модел на добро однесување за своите деца, па најдете начин мирно да ги решавате работи со својот поранешен партнер.

Никогаш немојте да ги користите децата како оружје
Не барајте од вашето дете да го шпионира вашиот поранешен партнер и да ви го пријавува секој негов потег. Тоа ќе направи вашето дете да се чувствува непријатно и како да го издава другиот родител.

Не дозволувајте вашите деца да се почувствуваат виновни
Дозволете им да носат свои одлуки. Можеби не ви се допаѓа тоа што детето сака да оди на одмор со другиот родител, но кога сте разведени, тоа е стварноста.

Бидете конзистентни во она што го правите
Децата живеат во две различни домаќинства. Погрижете се да имаат вообичаена рутина. Така ќе знаат што да очекуваат.

Комуницирајте со својот поранешен партнер
Знам дека тоа можеби звучи невозможно, но тоа е една од најдобрите работи кои можете да ги направите. Вашиот поранешен партнер треба да знае кога одите на годишен одмор. Ако добиете повик од училиштето, погрижете се вашиот поранешен партнер да знае за тоа. На тој начин децата нема да можат да манипулираат ниту со еден од вас.

Поттикнете ги своите деца да разговараат за своите чувства
Дајте им простор за разговор за тоа како се чувствуваат, без осудување.

Сакајте ги своите деца
И не го мразете поранешниот партнер. Тоа нема да ве однесе никаде.

Не дозволувајте да прават се што ќе посакаат
Сигурно се чувствувате лошо поради разводот, а загрижени сте како ќе влијае тоа врз вашите деца. Но се уште мора да ги дисциплинирате.

Не им дозволувајте да се извлечат со се што не би толерирале да сте се уште во брак.

Не дозволувајте вашето дете да ви глуми родител
Не разговарајте со детето за тоа како се чувствувате поради вашиот поранешен партнер. Тоа е нешто што треба да го чувате за разговор со блиските пријатели или со професионалци.

Вашите деца не се гласници
Веројатно вашиот поранешен партнер знае да биде комплициран. Тоа не значи дека можете од вашето дете да направите гласник. Тоа ќе предизвика непотребен стрес во животот на вашето дете.

Контролирајте го својот темперамент
Сигурно се чувствувате лути, можеби вие не сте го сакале разводот и никогаш не сте помислувале да се разведете, но ете, се случува и тоа. Морате да го прифатите тоа!

Поделете ги работите
Ако вашето дете го усисува подот во вашата куќа, немојте да го прави тоа повторно и во куќата на вашиот поранешен партнер, или обратно. Ова бара јасна комуникација.

Децата нека бидат деца
Не ги вклучувајте во проблемите на возрасните или да ги присилувате да носат одлуки за кои не се подготвени.

Комуницирајте со родителите на вашиот партнер
Можеби вам не ви се многу драги или не сте успеале да се поврзете со нив, но вашите деца ги сакаат. Погрижете се да ги посетуваат бабите и дедовците.

Ако е можно правете заеднички барем нешто како што сте правеле додека сте биле во брак
Одете некогаш на заедничка вечера или на друг начин поминете заедно барем два часа.

Внимавајте на себе
Не се запоставувајте. Одете редовно на лекарски прегледи, средете се, дозволете си по некое малечко задоволство.

Бидете оптимист
Сигурно се чувствувате исцрпени. Тоа е природен одговор на разводот. Научете се што можете, научете каде сте згрешиле. Не се откажувајте од себе. Ќе се појави некој друг кога ќе бидете подготвени. Многу деца на разведени роидтели израснуваат во одговорни личности. Научиле како да живеат во две домаќинства и како треба да постигнат компромис.
Можеби ќе се чувствувате како да дошол крај на светот, но ќе издржите и ќе поминете низ тешкотиите, а исто и тие.

[better-ads type='banner' banner='999' ]