Каде грешиме: Зошто некои деца се трудат повеќе, а некои се откажуваат од целта?

Заради преголема желба да го направат најдоброто за своето дете, родителите го прават токму спротивното, а не се ни свесни за тоа. Затоа дознајте каде најчесто грешиме кога сакаме да ги поттикнеме децата на успех…

0
313

Еден ден го гледав своето дете како само се обидува да го закачи ременост на високата столица за хранење. „Готово“, рече кога конечно успеа. „Готово“, потврдив и јас и додадов: „Сама успеа. Беше тешко, но не се откажа. Толку сум горда на тебе!“, пишува за Хафингтом пост мајката Трејси Кучлоу.

Зад начинот на кој го пофалив нејзиниот труд стои и малку мој труд. Да не научев како правилно да ја пофалам, можев само да и кажам: „Колку си паметна“ или дури и: „Еве, сега мама ќе ти помогне“.

Зошто тоа би било лошо?

Керол Двек е истражувач од Стенфорд универзитетот, која ја проучува мотивацијата и истрајноста кај децата уште од 1960-тите години и утврдила дека децата можеме да ги поделиме во две категории:

– Деца со фиксен начин на размислување кои веруваат дека нивните успеси се резултат од вродениот талент или памет, и

– Деца чиј начин на размислување се развива, кои веруваат дека нивните успеси се резултат од нивниот труд.

Фиксен начин на размислување: „Aко мора напорно да работите, тоа значи дека немате талент“.

Децата кои размислуваат на овој начин мислат дека интелигенцијата ја добиле со раѓањето и се идентификуваат со следната реченица: „Aко морате да работите напорно, значи дека немате талент. Ако сте талентирани, способни и интелигентни, работите природно си доаѓаат до вас. Успехот ви припаѓа“.

Но кога успехот ќе изостане, овие деца паѓаат во замка. Им опаѓа самодовербата затоа што мислат дека се толку талентирани или паметни колку што им зборувале дека се. Тогаш почнуваат да ги избегнуваат предизвиците, плашејќи се од неуспех и од тоа дека повеќе нема да изгледаат паметно.

Начин на размислување кој се развива: „Колку повеќе предизвици имам, толку повеќе ќе научам и ќе станувам попаметен“.

Децата кои од мали веруваат дека на развојот на интелигенцијата мора да се работи и дека паметта се „гради“, односно, дека колку повеќе учат, толку се попаметни, кога ќе доживеат неуспех веруваат дека работите можат да се подобрат и дека за тоа е потребно повеќе време и труд. Тие се и поистрајни во решавањето на тешките задачи.

Што е она што ги создава едното или другото убедување кај нашите деца?

Начинот на кој ги фалиме, и тоа уште од првата година од животот.

Во една ситуација, Двек ги тестирала учениците во петто одделение, поделени во две групи. Им задала да решат тешка задача. Потоа ја пофалила првата група за нивната интелигенција:

„Браво, тоа е навистина добар резултат. Треба да си паметен за да решиш ваква задача“.

А другата група ја пофалила за нивниот труд:

„Браво, тоа е навистина добар резултат. Сигурно многу сте се труделе“.

Во продолжението на тестирањето, на двете групи им било понудено да изберат помеѓу една полесна и една потешка задача.

Онаа група деца кои ги пофалила за трудот ја избрале потешката задача затоа што верувале дека ако повторно се трудат, ќе успеат да ја решат, а со самото тоа што е задачата потешка, ќе добијат можност да научат нови работи. Значи, останале мотивирани.

Другата група деца чија интелигенција ја пофалила, ја избрале полесната задача. Тие немале самодоверба и верба дека ќе ја решат потешката задача.

Слично истражување спровела и во 53 семејства. По истражувањето кое траело пет години, произлегло дека седумгодишниците кои пораснале во семејства во кои бил фален нивниот труд, имаат поизразена желба за предизвици и за учење. Додека оние чии родители им зборувале колку с епаметни, биле помалку заинтересирани за нови предизвици и имале помалку самодоверба во однос на првата група.

Дали е можно да се смени фиксниот начин на размислување?

Научничката Керол Двек, во една пригода примила мејл од професорка од средно училиште: „Дали е можно да се мотивираат децата да учат алгебра, конјугација или фиизика доколку не биле фалени на правилен начин кога имале 4 години?“, гласело прашањето.

А одговорот гласи – не е доцна! Важно е да се работи со децата!

На децата мора да им се објасни дека е мозокот како мускул и дека интелигенцијата треба да се вежба. И колку повеќе го вежбате тој станува посилен. А мозокот вежба најинтензивно кога прифаќа предизвици, совладува препреки и учи нови работи. Мозокот најмногу учи тогаш кога греши, вели оваа научничка.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]