Изложба на детски цртежи вечерва во КИЦ

Цртежите се поделени во 3 возрасни групи: 4 – 6, 7 – 10 и 11 – 14 години.

0
441

Цртежеите се поделени во 3 возрасни групи: 4 – 6, 7 – 10 и 11 – 14 години. На отворањето Бреинобреин Европа ќе доделува сертификати и награди за најдобрите цртежи од секоја возрасна група селектирани од страна на стручното арт жири сочинето од: Кристина Битракова, Милан Андов, Марија Сотировска, Даниел Петровски – Балтик и Елена Алчева.

Бреинобреин е унифицирана програма која преку посебни методи и техники го поттикнува менталниот, интелектуалниот и креативниот потенцијал кај децата од 4 – 14 годишна возраст.

Темелејќи се на абакус менталната аритметика и на ВАК методите (визуелно, аудитивно и кинестетичко восприемање на информациите) во комбинација со НПЛ техниките (неуро лингвистичко програмирање), Бреинобреин значително придонесува кон јакнењето на личните квалитети кај децата како: самодоверба, креативност, самосвесност, насочено однесување и самодисциплина.

Изложбата ќе биде отворена до 5 ноември 2016 год.

[better-ads type='banner' banner='999' ]