Исповед на една мајка за заедничкото родителство после развод

Разводот може да биде вистинска мешаница, особено кога се тука и децата. Но, некои луѓе покажуваат дека тоа не мора секогаш да биде така. Можеби изгледа како научна фантастика, ама е навистина фантастично!

0
528

Една мајка од Онтарио, Канада, ја споделува на социјалните мрежи својата приказна за заедничкото родителство кое го спроведува со својот поранешен сопруг и покажува дека е тоа можно доколку и двете страни се доволно свесни и прават се за доброто на детето, наместо да си пакостат помеѓу себе.

Хејли Бутс пишува во својот пост на Фејсбук за начинот на кој тие со своите сегашни партнери се грижат за нивната ќеркичка и вели дека тајната за ова успешно функционирање е многу едноставна.
„Мојот одговор е секогаш ист – ние само ја сакаме нашата ќерка“, пишува таа. „Сите ја сакаме, и ништо нема да го смени тоа. Ниту едно дете не заслужува да се фрла наваму натаму, да се користи како аргумент за договарање, односно, расправање, или да се стави во средината на која било драма помеѓу возрасните. Тоа не одлучило да се роди, и тоа сигурно никогаш не одбрало неговите родители да се разведат“.

Бутс го поткрепила својот пост со срдечна слика од неа и „бонус- мајката“ на нејзината ќерка, како одат заедно да ја испратат на првиот училишен ден. Исто така, таа се осврнува и на тоа како тие како возрасни гледаат на сето ова.
„Мојата ќерка ја нарекува нејзината „бонус-мајка“ – Мамо … И знаете што? Тоа е во ред, затоа што таа е токму тоа за неа, таа е нејзината мајка. Таа е секогаш таму за неа, се грижи за неа, игра со неа, ја подучува како треба да се однесува, ѝ дава прегратки и ја бакнува за добра ноќ, прави сè што ќе направи и вистинска мајка. Но, најмногу од сè, таа ја сака како да е нејзина. Потребно е некој да е многу посебна жена за да зема дете кое не го родила, под своја закрила и ѝ да стане мајка“.
Сите родители кои се обидуваат да остварат заедничко родителство после развод, Бутс ги советува: „ставете ги настрана ситните мали нешта и фокусирајте се на вашето дете и на тоа што е најдобро за него.
Зошто би го направиле неговиот живот потежок со тоа што ќе го натерате да одбере помеѓу вас, да одлучи кого да го сака? Ако сте доволно среќни да имате нова партнерка/партнер кој го сака вашето дете или деца како нејзини/негови, кој помага да ги подигнете и да ги воспитате, зошто не би им дозволиле да ја викаат „мама“ („тато“)?“, пишува таа.
„Мојата ќерка не е единствената што ја сака нејзината бонус-мајка. Ја сакам и јас исто така. Таа стана еден од моите најдобри пријатели и јас се потпирам на неа за многу нешта. Таа е една од најсилните луѓе што ги знам, и секој ден сум благодарна за неа“.
После објавувањето на овој пост, Бутс добила стотици коментари.
„Тотално се согласувам! Ги подигнав моите деца на ист начин! Нивниот татко не остана долго во живот. Сепак, нивната бонус мајка се уште е таму и е еден од моите најмили пријатели“! – е еден од коментарите напишан од друга жена.
„Ја сакам другата мајка на мојата ќерка. Таа помогна да ја подигнеме и ја поддржува во сите нешта половина од младиот живот, нашата ќерка ќе има наскоро 16 години“, споделува друга.
Бутс ја завршува својата порака, велејќи: „Потребно е едно село за да се подигне дете, и јас сум многу благодарна за моето село!”

[better-ads type='banner' banner='999' ]