Нездравата исхрана е се почеста кај децата, а последиците можат да бидат опасни по здравјето на вашето дете. Повремени нездрави излети не се штетни, но не смеат да бидат прехранбена основа. Искраната треба да биде разновидна, особено кај децата. Погрижете се редовно да јадат намирници како што се јајца, цимет и боровници, за да внесат хранливи материи потребни за раст и развој.
Јајца
Тие се одличен извор на протеини и една од ретките намирници која содржи витамин Д, кој му помага на телото да го апсорбира калциумот. Протеините се одличен избор за појадок затоа што детето ќе биде сито подолго време.
Овесни снегулки
Научниците утврдиле дека овесните снегулки ги подобруваат концентрацијата и вниманието, што е одлично за децата кои веќе одат во училиште. Храната богата со влакна, како што се целите житарки, се вари побавно и на децата им овозможува стабилен извор на енергија.
Овошје
Секое овошје е добро за детето и е одличен извор на витамини и минерали. Овошјето содржи влакна заради кои детето ќе биде подолго сито. За да го зголемите внесот на хранливи материи давајте му на детето што поразновидно овошје.
Јаткасти плодови
Содржат здрави масти, кои им се потребни на децата за раст, развој и здравје на срцето. Јаткастите плодови се одличен избор за појадок затоа што ќе му обезбедат на вашето дете одличен извор на енергија и ќе овозможат урамнотежено варење.
Млеко
Протеините и калциумот од млечните производи ќе ја обезбедат енергијата потребна за детското тело и мозок. Протеините помагаат во изградбата на мозочното ткиво и го чуваат здравјето на коските и забите.
Тофу
Одличен извор на протеини и има антиканцерогено дејство. Одличен е за млади девојки затоа што го штити телото од настанок на рак на дојки, а таа заштита трае со години.
Домати
Одличен извор на ликопен, материја која штити од многу видови на рак. Доматите малку сварете ги затоа што топлината ослободува ликопен. Зачинете ги со маслиново масло за да може детето истовремено да внесува и добри масти.
Зелка
Го подобрува варењето, го ослободува телото од токсини, а децата по правило го сакаат повеќе отколку останатиот зелен лиснат зеленчук. Зелката можете да ја подготвувате на разни здрави начини.
Лосос
Содржи омега 3 масни киселини, кои се познати по тоа што го поттикнуваат развојот и работата на мозокот, го намалуваат ризикот од депресија и имаат одлични противвоспалителни својства.
Какао
Одберете барем 70% чисто какао затоа што е богато со флавоноиди кои го регулираат крвниот притисок, го чуваат здравјето на срцето и усната шуплина. Најдобро од се е што децата сакаат какао.
Црн грав
Одличен извор на протеини, влакна и калциум. Колку е гравот потемен, толку е поздрав. Исто така, штити од срцеви болести и висок холестерол, кои не се проблем само на возрасните.
Босилек
Ова растение е полно со антиоксиданси како што се витамините А, Ц и К. Исто така, содржи железо, калиум и калциум кои го подобруваат варењето.