Гас за смеење наместо епидурална анестезија

За да им се олеснат породилните болки на трудниците, лекарите од САД се почесто се одлучуваат за техника која е иста како онаа која ја користат стоматолозите во Велика Bританија, Канада, Австралија и Финска – гас за смеење или нитратен оксид.

0
442

Според американските медиуми, болниците почнале да нудат гас за смеење наменет за жените во текот на породувањето. Маската со гас мора да се држи околу 30 секунди пред контракциите, а за помалку од минута ја намалува анксиозноста и болките. Нитратниот оксид е гас со слаткаст вкус, без боја и мирис. Ако се вдишува кратко, предизвикува добро расположение и предизвикува смеа па се нарекува и гас за смеење.

Ова е вистинска опција за жените кои не сакаат епидурални инјекции но не сакаат ниту да ја поднесуваат болката која трае со часови, велат тие.
Во медицинските извештаи се наведува дека гасот за смеење стекнува се поголема популарност, а наменет е за да се контролира болката при породувањето. Ваквата превенција на болката се користела во болниците во текот на 19 и средината на 20 век, а сега е вистинско време за враќање на оваа практика особено затоа што некои жени се плашат од евентуалните негативни ефекти од епидуралната анестезија. Во САД се повеќе трудници се одлучуваат за оваа опција.
И додека стручњаците го делат мислењето дека епидуралната анестезија е еден од најефикасните начини за сузбивање на болките во текот на породувањето, според доктор Едвард Јагмор, анестезиолог и член на Американското здружение на анестезиолози, нитратниот оксид е помалку инванзивна опција која му помага на мозокот полесно да излезе на крај со неподносливата болка.

[better-ads type='banner' banner='999' ]