Скопје Сити Мол викендов организира Фестивал за деца, кој ќе ги спои семејствата со многу изненадувања и забава за сите.
Фестивалот започнува од петок и ќе трае сѐ до недела.
Главна атракција на Детскиот фестивал ќе биде ТАЛЕНТ ШОУ-то, каде ќе се избираат млади фото модели и таленти по пеење, танцување, глума и јутјубери. Победниците ќе бидат активни во следните кампањи на Скопје Сити Мол.
Најпривлечен турнир за тинејџерите ќе биде натпреварот во Плеј Стејшн (фудбалска игра). Индивидуално или во тимови, заинтересираните ќе ги покажат своите способности, а за најдобрите ќе следуваат подароци.
Пред неколку месеци за прв пат кај нас Скопје Сити Мол го организираше големиот LEGO Фестивал. Дечињата беа фасцинирани од магијата на овие безвременски играчки, па затоа и на овој фестивал ќе се организираат и LEGO турнири, на кои дечињата со помош на инструктор ќе создаваат LEGO фигури и ќе бидат наградувани за истите.
Малите креативни умови ќе ги покажат своите способности во работилниците кои ќе се организираат за време на фестивалот. Во соработка со „Нулта отпад”, учесниците ќе можат од стар електронски отпад да создадат уникатни уметнички дела. Посетителите ќе можат да уживаат и во танцовите изведби на дечиња од неколку школи, а најмалите ќе може да им се придружат.
„Досега традиционално беше организиран Саемот за деца и родители, кој се покажа како доста успешен и интересен за семејствата. Оваа година малку го менуваме концептот во Детски фестивал, каде ќе се забавуваат и тинејџерите. Особено нѝ е драго кога трговскиот центар е исполнет со весели лица и детски насмевки, па затоа и многу често сме организатори на вакви настани со активности посветени токму на нив.
Едноставно, ова е викенд за забава за целото семејство во Скопје Сити Мол!” – изјави Дарко Панчевски од маркетинг секторот на Сити Мол.
Секако дека ниту еден настан организиран во шопинг центар не би бил комплетен без намалувања во продавниците, па така за време на Фестивалот за Деца во 28 продавници во рамките на Сити Мол ќе попусти од 20% до 70%.