Еве кои 9 работи педијатрите ве молат да не ги правите

Американскиот сајт Parenting.com објавил листа од работи кои педијатрите сакаат родителите да престанат да ги прават, затоа што со нив им ја отежнуваат работата

0
4169

Според американскиот сајт Parenting.com, педијатрите составиле листа од работи кои родителите постојано ги прават и со нив им ја отежнуваат работата, односно, зачувувањето на здравјето на децата и нивно лекување. Еве што е тоа што педијатрите им го порачуваат на родителите:

1. Престанете да се консултирате со др.Гугл
Кога ќе се исплашат за здравјето на своето дете, родителите веднаш одат на интернет. Секако дека постојат сериозни и релевантни веб страници, како што се официјалните сајтови на педијатриските здруженија, нбо невозможно е на детето да му се постави дијагноза на овој начин. Педијатрите велат дека родителите кои прво го консултираат интернетот, во ординацијата доаѓаат со предубедување дека нивното дете ја има оваа или онаа болест и потоа им е тешко да ги разуверат во тоа.

2. Престанете за секоја ситница да трчате во брза помош
Освен кога станува збор за навистина итни случаи, многу е подобро прво да се јавите по телефон, да побарате совет и да поразговарате со лекар. Така ќе се смирите и ќе добиете проценка дали навистина треба да дојдете во брза помош или да отидете кај педијатар следното утро.

3. Престанете да барате антибиотици
Природно е дека сакате детето да ви оздрави што побргу, но антибиотиците најчесто не се пат кон излекување, туку кон послабо здравје. Тие се лек за бактериски инфекции, но децата главно заболуваат од вирусни. А вирусите не се лекуваат со антибиотици, туку со мирување и трпение. Во таков случај, антибиотиците можат само да создадат кај вашето дете бактериски видови кои се отпорни на лекови.

4. Не ги одбивајте вакцините и не барајте промена на распоредот на вакцинирањето
Иронично е тоа што родителите толку сакаат антибиотици, а истовремено толку се плашат од вакцините. Дури и кога немаат ништо против вакцинирањето, сакаат нивното дете да ги прима вакцините по поинаков распоред. А колку повеќе се одложува вакцинацијата, толку е детето подолго незаштитено.

5. Престанете да гио оставате децата пред екраните толку долго колку што сакаат
Колку повеќе се вашите деца пред екраните, толку помалку си играат надвор, помалку се физички активни и побавно се развиваат нивните социјални вештини.

6. Престанете да мислите дека настинките имаат врска со ладното време
Вашето дете нема да настине ако излезе без јакна и нема смисла постојано да биете такви битки со него. Настинките се вирусни инфекции кои децата ги добиваат затоа што фаќаат заразени површини а потоа ги ставаат рацете во нос, очи и уста. Во зима децата се разболуваат повеќе затоа што се повеќе внатре, а во затворен и слабо проветрен простор вирусите полесно се пренесуваат.

7. Не ги прескокнувајте систематските прегледи
Сите родители се преоптоварени со обврски и лесно е да се прескокне посета на лекар кога на детето ништо не му фали. Но педијатрите предупредуваат дека со тоа ја губат шансата да го спречат настанувањето и развојот на одредебни болести и пореметувања. Наместо само да лекуваат тогаш кога е детето веќе болно, педијатрите треба и на време да ги забележат проблемите со видот, крвниот притисок, забавениот раст, искривениот рбет, шумот на срце…Истовремено, ваквите посети му овозможуваат на детето да се навикне на својот педијатар.

8. Не му ги чистите на детето ушите со стапчиња
Со тоа само го поттурнувате ушниот восок подлабоко во ушниот канал, заради што, со време, детето ќе почне послабо да слуша и да чувствува болка. Наместо тоа, дозволете и на водата да влезе во ушите во текот на бањањето па восокот самиот ќе излезе.

9. Престанете да кревате паника заради висока температура
Освен кога станува збор за новороденче, кога треба да се биде внимателен, високата температура е само еден од симптомите кои треба да му се пријават на педијатарот. Високата температура речиси никогаш не е нешто што ќе го загрижи докторот, туку е, покрај затнатиот нос, болката, кашлицата – дел од клиничката слика која ќе му помогне на докторот да донесе дијагноза.

[better-ads type='banner' banner='999' ]