Ако вашето дете се уште мака мачи со врзувањето на своите чевли и патики, можеби ќе му помогне токму овој туторијал. Училиштето почна и сакале-нејќеле децата мораат да се научат да си ги врзуваат врвките.
Мајката Кирстен Џонсон сфатила како да му покаже на својот седумгодишен син едноставен начин за врзување на неговите патики, а притоа да не мора да се мачи со крајчињата и со „ушите“ кои им ги прават на децата најголемите проблеми.