Со Еуролинк до породување во приватна клиника

Можност за покривање на трошоците за породување во некоја од приватните клиники со семејно приватно здравствено осигурување од Еуролинк

0
350

По зголемениот интерес на граѓаните за продуктот Семејно приватно здравствено осигурување на Еуролинк Осигурување, компанијата реши да ја збогати и да ја прошири својата понуда со дополнително вклучување трошоци за породување во некоја од приватните болници по избор на клиентот.

Покривање на трошоците за породување се однесува на клиентите кои ќе склучат петгодишен договор за лојалност за пакетите за Семејно приватно здравствено осигурување Основен, Комфорт и Премиум со доплата од 900, 1150, односно 1650 денари месечно во зависност од висината на лимитот кој е достапен за користење за овој тип здравствена услуга во период од пет години.

Еуролинк го воведе продуктот за Семејно приватно здравствено осигурување на почетокот на годината целосно прилагодувајќи ги пакетите и цените кон потребите на семејствата во Македонија. Семејното приватно здравствено осигурување е наменето за сите семејства што имаат потреба и сакаат да обезбедат квалитетна здравствена заштита за себе и за членовите на своите семејства. На една полиса за Семејно приватно здравствено осигурување сите членови на семејството можат да се лекуваат во приватните болници во Македонија како што се „Систина“, „Филип Втори“, „Ремедика“ и слично, како и во одбрани реномирани болници во странство.

Согледувајќи ги потребите на граѓаните за квалитетно и пристапно здравствено осигурување, достапни се три пакети кои може да ги одберат корисниците за да добијат здравствена заштита, превентивни прегледи, но и лекување, вклучувајќи и специјалистички прегледи, третман на тешки болести, болничко сместување во приватните здравствени установи во Македонија и во странство, за сите членови на семејството.

Граѓаните можат да одберат во зависност од потребите на семејството ОСНОВЕН, КОМФОРТ или ПРЕМИУМ пакет за семејно приватно здравствено осигурување, по цена од 1800, 2000 и 3350 денари месечно, соодветно на пакетот. Важно е да се истакне дека во Семејното приватно здравствено осигурување се вклучени и превентивни прегледи во согласност со желбите и потребите на семејството, како што се лабораториски испитувања, стоматолошки и офталомолошки прегледи, слободно без медицинска индикација до осигурената сума наведена во полисата.

Дополнителна предност со Семејното приватно здравствено осигурување на Еуролинк е тоа што при користењето на здравствените услуги за болничко лекување, по претходно извршена авторизација, трошоците кон болницата директно се плаќаат од страна на Еуролинк Осигурување, дури и во итни случаи, осигуреникот нема обврска да изврши директна исплата кон болницата.

Во случај доколку во осигурениот период не се користи здравствена услуга, семејствата можат да заштедат добивајќи попуст од 6.000 денари при обнова на полисата од претходниот период, а сега со можноста да се прошири и со опцијата за покривање на трошоците и за породување,  семејствата добиваат можност за целосна заштита и лекување во приватните здравствени установи по сопствен избор.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]