На теоријата дека бебето ќе се роди со многу коса ако мајката за време на бременоста ја мачат киселини, многу трудници само одмавнале со рака, но тоа е една од оние ретки „бабини деветини“ кои се навистина научно докажани.
Навистина постои поврзаност помеѓу овие две појави.
Киселината е една од понепријатните седбеници на бременоста, понекогаш оже да биде толку силна што трудницата не може да спие ниту полуседејќи, а не пак во лежечка положба… Дополнителен проблем е што во бременоста не можете да се напиете ниту еден лек против киселини кој всушност би можел да ви помогне и така…
Секако, кога ќе се роди бебето се се заборава, но многу мајки кога првпат ќе го видат бебето се сеќаваат дека некој кога се жалее на киселините, на шега им рекол, дека бебето сигурно ќе има коса. Затоа што, во најголем број на случаи – бебињата чии мајки го имале овој проблем навистина се раѓаат со многу коса.
Киселина се создава затоа што бебето притиска на внатрешните органи, но каква врска има косата со тоа?
Студијата спроведена на Универзитетот Џонс Хопкинс, во чии рамки биле следени 64 трудници и биле бележени симптомите кои тие ги чувствувале, ги изненадила и научниците.
„Спротивно на нашите очекувања, излезе дека постои поврзаност помеѓу интензитетот и зачестеноста на киселината во текот на ременоста и тоа дали новороденчето ќе има коса или не“, се наведува во студијата, пренесува британски „Мирор“.
„Објаснувањето лежи во заедничкиот биолошки механизам, благодарение на дуалната функција на хормонот кој се лачи во текот на бременоста. Истите хормони кои влијаат на растот на косата на бебето одредуваат и колку ќе бидат опуштени мускулите кои го затвараат хранопроводникот, од што зависи дали ќе се појави киселина или не“, се наведува во студијата.