Eнергијата на децата ja надминува издржливоста на атлетите

Науката објаснува зошто дури и трчањето на маратон не може да се спореди со исцрпеностa што може да ја чувствувате на крајот од еден ден поминат во чување на вашите две деца. Сега науката објаснува зошто е тоа така: издржливоста на децата е на исто ниво со онаа на добро обучени атлетичари.

0
131

Според студијата од 2018 година објавена во списанието Frontiers in Physiology, профилите врзани за метаболизмот и за нивото на замор на момчиња од 8 до 12 години биле далеку подобри од оние на нетренираните возрасни лица кога биле тестирани со ригорозна физичка активност. Тие, исто така, се опоравувале од заморот побрзо заради ефикасното обновување на срцето и способноста за отстранување на лактатите во крвта. Всушност, дури ни атлетите на национално ниво не биле толку добри во закрепнувањето.
Тоа треба да им даде утеха на истоштените родители, велат истражувачите. „Ние откривме дека децата повеќе го искористиле нивниот аеробен метаболизам и поради тоа биле помалку уморни за време на физичките активности со висок интензитет”, вели коавторот на студијата, Себастиен Рател, вонреден професор по физиологија на вежби на Универзитетот Клермон Оверњ во Франција. „Ова може да објасни зошто се чини дека децата имаат способност да играат и играат и да играат, долго откако возрасните ќе се изморат“.
За студијата, истражувачите ги тестирале момчињата, нетренирани возрасни и професинални спортисти за издржливост со серија задачи од велосипедизмот. Сите беа оценети за нивната аеробна и анаеробна ефикасност, како и за способноста на нивните тела да се опорават. Не е изненадувачки што децата ги надминаа нетренираните возрасни лица, па дури и врвните спортисти.
Истражувачите велат дека наодите се основа за натамошно истражување на мускулните промени и ризикот од болести, како што старееме. „Нашите истражувања покажуваат дека аеробната кондиција, барем на ниво на мускулите, значително се намалува како што децата се движат во зрелоста – што е околу времето кога се зголемуваат болестите како што е дијабетесот“, вели Рател. „Најмалку, нашите резултати би можеле да им обезбедат мотивација на практичарите да ја задржат мускулната кондиција како што децата растат; се чини дека да се биде дете може да биде здраво за нас “.
Што се однесува до тоа што се децата природно „фит“, дали ова значи дека треба да видиме повеќе од нив на стартните позиции на маратоните? Не толку многу. Всушност, истражувачите велат дека бидејќи нивоата на издржливост на децата веќе се толку добри, можеби е најдобро поголемиот дел од нивната спортска обука да се фокусира на развојот на вештини, брзина и мускулна сила. Ова, вели Рател, „може да помогне да се оптимизира физичката обука кај децата, за да имаат подобри перформанси и да уживаат повеќе во спортот“.
За нас останатите, тоа значи можност одвреме навреме да фатиме здив.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]