Децата за разводот: работи што би сакале да ги знаат мама и тато

Ве молиме не не терајте да одбираме помеѓу вас. Потребни сте ни обајцата.

0
382

Ако прашате дете кое се нашло среде разводот на своите родители, како се чувствува, веројатно ќе се смири и ќе замолчи. Меѓутоа, ако прашате возрасен човек како се чувствувал додека растел помеѓу два дома, ќе ви каже многу работи.

Возрасни луѓе кои биле деца во времето кога нивните родители се разведувале, зборуваат што би сакале нивните родители да знаеле во тоа време.

1. Без оглед на тоа што се случило, и натаму ве сакаме на ист начин.
2. Mразиме кога ги пакуваме торбите за да одиме од една во друга куќа.
3. Престанете да ги обвинувате сите околу себе за вашиот развод.
4. Ве молам, не го споделувајте со нас секој детал околу кој се карате, особено ако сме доволно големи за да разбереме за што станува збор.
5. Сакаме да се борите за нас, секој втор викенд едноставно не е доволно.
6. Непријатно ни е кога се обидувате да ја „купите“ нашата љубов со подароци и патувања.
7. Сепак, многу ни се допаѓа што имаме двојни празници!
8. Кога сме кај едниот, ни недостасува другиот родител. Тоа не значи дека некој од вас не е добар, едноставно, ве сакаме и двајцата.
9. Престанете да се обидувате да извлечете од нас информации за него/неа. Не е фер да не ставате помеѓу вас.
10. Забележуваме кога ги одложувате непријатните одлуки и се обидувате тоа да му го префрлите на другиот родител. Повеќе би сакале јасно да ни кажете за што станува збор.
11. Јавете ни се кога ве бараме на телефон, и онака раздвоеноста тешко ни паѓа, потребен ни е секој контакт.
12. Знаеме дека не ви е лесно, и сосема е во ред да имате лоши денови.
13. Никој не сака да расне во „ние и тие“ ситуација, затоа потрудете се тоа да биде најдобрата „ние“ опција. Не мора да бидете венчани за да функционирате како тим.
14. Ние не сме терапевти. Ве молиме побарајте професионална помош, или пожалете му се на вашиот најдобар пријател затоа што ние не знаеме што да правиме.
15. За да ви биде полесно, почнете да се гледате со други луѓе, и не не запознавајте со нив ако не сте во сериозна врска.
16. И понатаму сакаме двајцата да доаѓате на нашите натпревари, настаои, концерти…Дури и ако ттоа не е „вашата недела“.
17. Вашето меѓусебно незадоволство се одразува на нас.
18. Ве молиме, не се карајте пред нас, зарем целта на разводот не беше тоа да престане?
19. Знаеме дека сте се развеле со причина, но тоа не значи дека сакаме да ја знаеме таа причина.
20. Знаеме дека вашиот „пријател-ка“ не е само тоа.
21. Мразиме кога некој од вас плаче. Сакаме се да поправиме, но не можеме.
22. Нашите заеднички моменти со секој од вас се скапоцени, немојте да бидете огорчени додека сте со нас.
23. Знаеме дека не е лесно кога мора заедно да правите некои работи. Сепак, благодарни сме кога се трудите околу нас.
24. Не не користете како аргументи во вашите кавги, посебно не за да се повредите меѓу себе. Не ставате во непријатна ситуација и се чувствуваме одговорни за се.
25. После разводот и ние сме вознемирени, но во целосно поинаква смисла. Ве молиме да разберете кога не се однесуваме онака како што би сакале или кога зборуваме злобни работи.
26. Знаеме кога се преправате.
27. Ве молиме не не терајте да одбираме помеѓу вас. Потребни сте ни обајцата.
28. Не ни набивајте чувство на вина затоа што уживаме додека сме со другиот родител.
29. Не ве сакаме помалку заради разводот.

[better-ads type='banner' banner='999' ]