Децата повеќе не ги раѓаат жени, туку луѓе!

Британската јавност прва имаше можност да го слушне предлогот со кој трудниците повеќе нема да се нарекуваат трудни жени, туку трудни луѓе за да може во овој поим да се стават и трансродовите лица

0
226

Дали жените со овој тивок чин на британските власти ќе ја изгубат својата древна функција „единствените кои ги носат децата на свет“, откако во јавноста неодамна се појави предлогот трудниците повеќе да не се нарекуваат „трудни жени“, туку трудни луѓе?

Сето тоа само за да може во поимот трудници да се стават и трансродовите лица.

Таков предлог неодамна стаса од нивното Министерство за надворешни работи, во предлогот за измени на Меѓународниот пакт за граѓански и политички права.

„Баравме од Одборот за човекови права на ОН јасно да се каже дека истите права (оние кои спаѓаат во правата на трудниците) ќе важат и за трудните трансродови луѓе“, било кажано во барањето кое неодамна ја шокираше братинаската јавност.

Секако, расправата за овој предлог се најде и на социјалните мрежи кадешто жените ги изразија своите ставови и (не)задоволството. Предлогот предизвика бурни реакции, иако не се сите против ваквиот предлог. Имено, се јавуваат и такви кои го сметаат предлогот за модерен, прогресивен и неопходен.

Што мислите вие?

[better-ads type='banner' banner='999' ]