Децата открија со што најмногу сакаат да се забавуваат

Дали знаете што е она со што вашите деца најмногу сакаат да се забавуваат и дали е тоа истото она со што сакаат и речиси сите други?

0
354

Ако она со што вашите деца сакаат да се забавуваат се автомобилчиња, кукли, лего коцки и други играчки за деца, тогаш вашите деца се, за жал, вистинска реткост денеска, бидејќи денешните деца сепак сакаат нешто друго.

Сигурно погодувате што е тоа, но сепак можеби ќе бидете шокирани од тоа во колкава мерка денешните деца размислуваат само и исклучиво за технологијата.

Неодамна било спроведено истражување во Велика Британија на примерок од околу 800 деца од 6 до 12 години кое покажало дека дури 84 отсто од нив однираат мобилен, лап топ или Плеј стејшн ако треба да се забавуваат и дека им е тоа дефинитивно најомилената забава кога не се во училиште. Но, со оглед на тоа што децата во истражувањето требало да наведат неколку, во наведувањето на останатите имале проблем.

Освен што бројката од 84 отсто технолошки зависници е сама по себе загрижувачка, ниту следниот подтаок не е за утеха, затоа што ако баш и не можат да добијат ништо од наведените технологии за забавување онлајн, тогаш ќе се задоволат со телевизија. Телевизијата ја спомнале околу 70 отсто од децата, а дури потоа се споменуваат оние други, типични детски занимации: 60 отсто споменале цртање, моделирање и слични уметнички игри, а дури после сѐ следуваат играчките и конечно, играњето надвор. Но за играње надвор редовно бараат „адекватни“ услови – времето да е исклучително убаво и да имаат добро друштво. Во спротивно повеќе би сакале да останат дома.

[better-ads type='banner' banner='999' ]