Децата кои помагаат дома се поуспешни 

Еден од бројните заклучоци на научниците е дека испитаниците, кои како деца извршувале домашни обврски, во животот биле самостојни, способни за соработка и работа во групи и свесни дека завршувањето на обврските е нешто што носи подобрување на заедницата.

0
421

Студијата на харвардски научници, која траела дури 75 години, следела две групи на луѓе: првата била составена од 268 испитаници кои завршиле на Харвард помеѓу 1939 и 1944, а другата група имала 465 испитаници кои израснале во сиромашни населби во Бостон.

Во текот на 75 години, испитаниците биле следени за да се воочи кои психолошки варијабли и биолошки процеси од детството и младоста влијаат на здравјето и среќата во животот.

Еден од бројните заклучоци на научниците е дека испитаниците, кои како деца извршувале домашни обврски, во животот биле самостојни, способни за соработка и работа во групи и посочувствителни, свесни дека завршувањето на домашните обврски и другите потенцијално непријатни задачи, е нешто што носи подобрување на заедницата. Всушност, овие деца го развиле „Јас можам“ погледот на светот, кој подоцна довел до нивен успех во работата и во меѓучовечките односи.

Учесниците биле интервјуирани во нивните дневни соби, биле прегледани нивните лекарски картони. Анализирана била нивната крв, скенирани мозоците, а се одржувале и разговори со нивните деца. Биле снимани додека со сопружниците разговарале за своите најголеми грижи.

[better-ads type='banner' banner='999' ]