ДАЛИ ВАШИОТ ПАРТНЕР Е ЕМОЦИОНАЛЕН ВАМПИР?

0
566

Луѓето кои ги сакаме често најмногу емотивно не исцрпуваат. Ако по разговорот со него/неа се чувствувате исцрпени, изморени и безволни, расположението стрмоглаво ви се руши, капаците на очите ви стануваат тешки и се гасите како свеќа, и најмногу би сакале да спиете, многу веројатно е дека сте заглавиле во врска со емоционален вампир.

Понекогаш е многу тешко да се препознае дали партнерот е само нервозен во даден момент или е склон кон емоционални уцени и „вампиризам“. Научете да ги толкувате неговите постапки.

НЕ ПРАШУВА, ТУКУ БАРА

Компромисот е збор кој не го познава и не прифаќа „не“ за одговор.

ОТПОРОТ СЕКОГАШ Е ПРИСУТЕН

Секоја ваша дискусија, па дури најбаналната се претвора во караница. Тој едноставно не поднесува да му се спротиставувате.

ВЕ ПРИТИСКА

Тој сака само она што нему му е по волја, а доколу вие истото не го сакате, ќе направи се за да ве присили да го смените мислењето.

ЗАКАНАТА МУ Е КАКО ДОБАР ДЕН

Заканите се од типот „доколку не го направиш тоа јас ќе те оставам…“

Ако во ова го препознаете вашиот партнер, време е за прекин на врската.

ЕГОЦЕНТРИК ОПСЕДНАТ СО СЕБЕ

Се се врти околу него и нема многу слух за потребите на партнерката. Ги обезвреднува чувствата и интересите на партнерката и секој разговор брзо и вешто ги насочува кон себе како „центар на вселената“.

ГИ НАМЕТНУВА ЧУВСТВОТО НА ВИНА И БЕЗВРЕДНОСТ

Во се пронаоѓа нешто што не чини. Ако работите не излегле онака како што тој замислувал, ќе се чувствувате лошо и промашено бидејќи тој подмолно, со прикриени начини, ви наметнал чувство на вина.

НАРЦИСОТ НЕ ЗНАЕ ШТО Е БЕЗРЕЗЕРВНА ЉУБОВ

Неговото мото е: „Јас сум секогаш на прво место“. Копнее по внимание и сака сите да му се восхитуваат, а од друга страна му недостасува емпатија. Ако не се однесувате онака како што тој замислил, тој ќе се однесува ладно и ќе смисли како да ве казни и што да ви скрати.

[better-ads type='banner' banner='999' ]