ДАЛИ СТЕ СПРЕМНИ ЗА БЕБЕ?

0
511
  • Дали бременоста ќе го промени нашиот однос?
  • Дали едниот од нас повеќе сака бебе?
  • Девојче или момче – што повеќе би сакале?
  • Дали ќе бидеме лишени оддружење, излегување, од времето кои си го посветуваме само еден на друг?
  • Што најмногу не загрижува кога размислуваме за бебе?
  • Кога го замислуваме животот со бебе, дали тоа гивклучува и валканитепелени и непроспиенитеноќи?
  • Што ќе се случи кога нашето бебе ќе се роди? Дали ќе имаме помош или еден од нас секогаш ќе мора да останува дома со бебето?
  • Дали ќе ги делиме домашните работи еднакво? Како тоа ќе изгледа по породувањето?
  • Дали е еднакво важно таткото да поминува со детето онолку време колку и мајката?

Постојат ли најдобри години за проширување на семејството
Најдобро време за проширување на семејството е тогаш кога партнерот и вие ќе посакате да добиете потомство. За некого тоа е кога е млад и енергичен, а постојат и оние кои ќе се одлучат за семејство по триесеттатаили по четириесеттагодина од животот. Постојат двојки кои едноставно никогаш нема да ја почувствуваат емоционалната спремност да станат родители.

Прекрасно е тоа што ќе добиете бебе, но како партнерот и вие се чувствувате околу новата улога што ви претстои – родителството? Еве неколку прашања кои можете да ги поставите еден на друг за бременоста и за бебето, за подоцна да ги избегнете несогласувањата.
Постојат неколку работи за кои треба да размислите или да поразговарате со партнерот, доколку планирате проширување на семејството:

[better-ads type='banner' banner='999' ]