Дали сте слушнале за менструалните чашки?

Едни од причините зошто би требало брем да ги пробате се: чинат поефтино во споредба со влошките и тампоните и не ја загадуваат природата.

0
886

Иако на прв поглед изгледа како нешто што е исто толку непријатно за носење колку и за одржување, менструалните чашки се еколошки и ефтин производ кој не претставува опасност за здравјето, а силиконскиот материјал од кој се изработени ги прават удобни за користење и за хигиена.

Сепак, доколку сте од оние кои никогаш не научиле како да го стават тампонот, веројатно ќе имате сличен проблем и со нив, но ако добро го наместите, предностите се повеќекратни.
Прво, нема повеќе полна корпа со употребени влошки со кои придонесувате за дополнителното загадување на животната средина, а не мора ни да фрлате пари. Менструалните чашки се купуваат еднаш и се користат неколку години. Добро е и што можат да се носат за време на сите физички активности, па дури и при пливање и јога.

За разлика од влошките и тампоните чашките не ја впиваат менструалната крв, туку имаат мал резервоар во кој ја собира течноста. Не треба да се плашите дека ќе се прелее затоа што менструалната чаша собира околу 30 мл менструална крв, а секоја жена за време на месечниот циклус во просек ослободува од 60 до 120 мл менструална крв. Па така, нејзината предност е и во тоа што треба да ја менувате, односно, да ја празните, во помал интервал отколку што е случај со влошките и тампоните. Кога чашката ќе се наполни испразнете ја директно во веце школката, измијте ја со топла вода и вратете ја на истиот начин.
Се препорачува откако ќе ја купите да ја сварите пред употреба 5 минути, а тоа треба да го правите и после крајот на менструалниот циклус за да биде чиста и стерилна за следната употреба.
Менструалните чашки ги има во две величини – за жени кои немаат родено или имаат под 30 години и оние кои имаат родено или се постари од 30 години.
За да ви стане појасно како се поставува во вагината, најдобро е да го погледнете видеото. Слично е како поставувањето на тампон, но веројатноста за непријатно чувство е минимална бидејќи е направена од мек силикон.

[better-ads type='banner' banner='999' ]